СПМ: Двоцифрената инфалција и натаму ги осиромашува граѓаните

spm_1231313123123
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека економската состојба во Македонија се влошува на сметка на стандардот на граѓаните. Опстојувањето на двоцифрената инфалција и натаму ги осиромашува граѓаните и ги обезвреднува нивните приходи и заштеди.







СДС и ДУИ со лошата и неправедна економска политка го зголемуваат бројот на социјални случаи и на лица кои едвај преживуваат со мнимални плати и пензии.

Мнозинството граѓани немаат доволно средства за егзистенција. Нивото на осиромашување на населението во држава со пазарен систем нема лимит.

Затоа минималните плати вршат демотивација на работниците, а се дерогира понудата и побарувачката на пазарот на труд.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека појавата на енормен раст на плати во македонската политичка елита, наспроти минимален раст на плати и пензии создава полазризација и станува извор на можни социјални конфликти. Минималниот раст на приходите и пензиите не ја покрива стапката на инфлацијата која е наметнат данок на приходите на населението.

Ниската стапка на раст на БДП не овозможува динамизам на социјалните промени. Двоцифрената инфлација не се намалува само со миксот на влијание од монетарната и фискалната политика.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека е неопходна стабилизациона макроекономска политика за да се спречи пауперизацијата и масовното иселување. Затоа е потребна итна смена на неуспешната и ненародна власт на СДС и ДУИ.

Новоизбраната власт мора да преземе конкретни мерки и политики од социјалната држава која ја има таа обврска за одржување на раст и стабилност но и на социјален мир и развој и повисок стандард на граѓаните.

Социјалистичка партија на Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK