Со ЕУ и Грција ќе ги зајакнуваме капацитетите за имплементација на европското законодавство од областа на индустриско загадување

Со твининг проект, со поддршка на Европската Унија и експерти од Грција, ќе се работи на зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на европското законодавство од областа на индустриското загадување. Ова беше истакнато денеска на одбележувањето на почетокот на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на европското законодавство во областа на индустриското загадување“. Министерката за животна средина …

Continue Reading

Фити: Не сме целосно подготвени за европскиот пазар, имаме сериозни проблеми со продуктивноста и конкурентноста

Продуктивноста и конкурентноста се две области во кои имаме многу сериозни проблеми на патот кон ЕУ и ако земјава утре влезе на заедничкиот пазар, ќе има сериозни пречки, рече денеска академик Таки Фити. Според него, не сме целосно подготвени за влез на европскиот пазар, но тоа е процес, оцени, дури и ако се оди на регионална варијанта. Тој процес не …

Continue Reading

Гундоган во Барселона

Германскиот фудбалски репрезентативец Илкај Гундоган ги напушта редовите на актуелниот англиски и европски првак Манчестер сити и без обесштетување ја продолжува кариерата во шпанскиот гигант Барселона, објавија денеска англиските и шпанските медиуми. Според весникот „Мундо Депортиво“, досегашниот капитен на Манчестер сити потпишал двегодишен договор со Барселона, до јуни 2025, со опција за продолжување на соработката за уште една година. Сити …

Continue Reading

Маск го предизвика Цукенберг на „борба во кафез“, газдата на Фејсбук веднаш прифати

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, денеска почна отворена расправија со првиот човек на Фејсбук, Марк Цукерберг, исмевајќи ја неговата компанија Мета, која се обидува да лансира платформа за „микро-блогирање“, со која планира веројатно да му се спротивстави на Твитер. „Сигурен сум дека Земјата едвај чека да биде само под палецот на Цукерберг, без други опции“, напиша Маск на Твитер, пренесува …

Continue Reading

Пеколни жештини во Кина, температурата е над 40 степени за прв пат од 2014 година

Во Пекинг денеска, за прв пат од 2014 година, температурата е над 40 степени Целзиусови, а соборен е и рекордот за најтопол ден во јуни од почетокот на мерењата. Метеоролошка станица на јужната периферија на Пекинг денеска регистрираше 40,7 степени Целзиусови, што е првпат прагот од 40 степени да биде надминат од 29 мај 2014 година. Претходниот рекорд беше поставен …

Continue Reading

МОН: Се интензивираат инфраструктурните инвестиции за поквалитетни услови за настава во основните и средните училишта

Министерството за образование и наука денеска преку соопштение информира дека ги интензивира градежните активности за време на летниот распуст на учениците, со цел заокружување на повеќе инфраструктурни инвестиции кои ќе значат подобрени услови во основните и средните училишта во новата учебна година. Со буџет од над 4,5 милиони евра, нагласува МОН, предвидени се реконструктивни активности во 50 училишни објекти во …

Continue Reading

У18: Двоен пораз на македонските кошаркарки на гостувањето во Грција

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години претрпе порази на двата контролни натпревари кои оваа недела ги одигра против Грција во Солун, во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство во б дивизијата. Во ослабен состав без Михаела Алексовска, Марија Николов и Милица Николиќ, македонската репрезентација на првиот натпревар одигран во вторникот беше поразена со 69-29, додека ден подоцна Грција …

Continue Reading

Академик Камбовски: Со уставните измени „тропаме на отворена врата“

Академикот Владо Камбовски денеска изјави дека прашањето за уставните измени не заслужуваат толкава бура во јавноста, бидејќи со иницијативата за внесување на Бугарите во Преамбулата на Уставот „тропаме на отворена врата“. Тие, потенцира академикот, се внесени во Уставот како заедница затоа што во Преамбулата постои генерална клаузула која зборува и за „други народи односно заедници“. – Јас мислам дека е …

Continue Reading

Министерката Тренчевска на меѓународна конференција во Црна Гора

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска е во дводневна посета во Црна Гора, каде ќе учествува на меѓународната конференцијата „Човековите права во рамките на заштитата од дискриминација“. Конференцијата, како што соопшти МТСП, ќе ја отвори пртседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, а домаќин на настанот е министерот за човекови и малцински права на Црна Гора, Фатмир …

Continue Reading