На денешен ден

1501.- Португалскиот морепловец Педро Кабрал се вратил во татковината од патувањето кога Бразил го прогласил за посед на Португалија. 1633.- Судот во Рим, составен од црковни лица, го осудил Галилео Галилеј на доживотна робија, а неговите дела ги забранил како опасни за христијанскиот свет. Тој работел на откривањето на тајните од областа на астрономијата. Во 1608 година го конструирал првиот …

Continue Reading

Од верските календари

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 јуни. Денеска е Св. свештеномаченик Тимотеј. Во четвртиот век свети Тимотеј беше епископ на градот Пруса (во денешна Турција). Имаше достигнато таква внатрешна чистота, што Бог му даде дар на чудотворство за помош на сите што беа болни или се наоѓаа во некоја неволја. Епископот на Пруса …

Continue Reading

Астрономски календар

Денеска е петок, 23 јуни 2023 година, 174-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 191 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 59 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 9 часот и 38 минутa, …

Continue Reading

Централната банка на Турција значително ја зголеми каматната стапка

Централната банка на Турција денеска ја зголеми клучната каматна стапка на 15 проценти, што е речиси двојно од претходната, со цел да го промени курсот кон конвенционалната економска политика за да се справи со инфлацијата. Централната банка на Турција ја зголеми каматната стапка од 8,5 на 15 отсто. Тоа е прво зголемување од март 2021 година. Зголемувањето на оваа стапка …

Continue Reading

Советот на амбасадори ја поздравува одлуката на САД да го прогласи Мерко за неподобен за влез во земјата

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на амбасадори“ ја поздравува одлуката на американскиот Стејт Департмент да го прогласи Рамиз Мерко, градоначалникот на општина Струга, за неподобен за влез во САД поради неговата вмешаност во значителна корупција додека ја извршувал актуелната функција. Како што се наведува во соопштението, Советот на амбасадори смета дека институциите на нашиот правосуден систем за борба …

Continue Reading

Д-р Марјан Шокаровски нов директор на државната Кардиохирургија

Д-р Марјан Шокаровски е назначен за нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, а за нов организациски директор е назначен Исак Јакупи, соопшти Министерството за здравство. Во известувањето Министерството наведува дека д-р Шокаровски е дел од тимот на клиниката од нејзиното основање. Тој е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар – Загреб, има повеќегодишно хируршко и …

Continue Reading

Реакција на СДСМ на изјавата на Мицкоски за Рамиз Мерко

Прашање за Мицкоски: Што потврдува за ДПМНЕ криминален имот и почесен претседател на црна листа на САД? Христијан Мицкоски се најде повикан да толкува одлуки на САД, претседател на партија ДПМНЕ со криминално стекнат имот врз грбот на граѓаните, со конфискувана Бела палата и партија со почесен претседател на црната листа на САД. Прашање за Мицкоски: што потврдува ова за …

Continue Reading

Подољак: Русија планира терористички напад, сака „сива зона без население“

Еден од главните советници на украинскиот претседател, Михајло Подољак на Твитер објави дека Русија планира да ја нападне нуклеарната централа Запорожја за да создаде „сива зона без население“. – Русија не може да го задржи Енерходар и затоа размислува за голем терористички напад врз Запорожје, за да ја запре украинската контраофанзива и да создаде санитарна сива зона без население, како …

Continue Reading

СВР Тетово со aпел да не се пука по свадби, казните се од 100 до 250 евра

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од пукање, како и од неовластено организирање огномети, кои во последно време стануваат задолжителна свадбена содржина, односно практика на ова подрачје. Апелот следува со оглед дека во текот на овој и наредните два месеци, јули и август, на поширокото полошко подрачје закажани се и ќе бидат организирани голем број …

Continue Reading