Во Обвинителството шест активни предмети против Мерко, замрзнато неговото членство во ДУИ

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кого САД го ставија на црната листа, го замрзнал членството во ДУИ, а од неговата матична партија вчера побараа институциите во државата веднаш да започнат со сеопфатна истрага за сите можни тврдења и информации што произлегуваат од одлуката на Стејт департментот. Вчера се огласи и Јавното обвинителство од каде информираа дека има шест активни предмети покренати …

Continue Reading

„Отворен Кабинет” на МВР во Кавадарци

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во рамки на „Отворен Кабинет“, ќе биде во Одделението за внатрешни работи во Кавадарци. Пред приемот со граѓаните, министерот Спасовски ќе оствари состанок со раководството на ОВР Кавадарци. Како што соопшти МВР, и граѓаните од подрачјето на СВР Велес, преку претходно закажан термин, се добредојдени во просториите на ОВР Кавадарци да ги презентираат …

Continue Reading

Почнува регионалниот проект „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката Дрим“

Регионален проект „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката Дрим“ ќе биде промовиран денеска во 12 часот во Дебарски Бањи Цапа, Косоврасти, Дебар. Проектот ќе биде спроведен од ЦНВП Скопје, заедно со ЦНВП Албанија, Црна Гора и Косово, во партнерство со Асоцијација за глобален развој (ICEP), финансиран од Австриска агенција за развој со средства на Австриската развојна соработка. На …

Continue Reading

Крајбрежна стража на САД: Пронајдените остатоци одговараат на катастрофална имплозија на подморницата „Титан“

Отпадоците пронајдени недалеку од остатоците на Титаник се совпаѓаат со „катастрофалната имплозија на подморницата Титан“, што исчезна во неделата, час и 45 минути по нуркањето,соопшти синоќа американската крајбрежна стража. Контраадмиралот Џон Маугер од американската крајбрежна стража на прес-конференција во Бостон изјави дека најверојатно имало експлозија во подморницата. -Големината на полето со остатоци одговара на катастрофална имплозија на подморница, рече Маугер …

Continue Reading

Коалицијата „Менуваме“ на средба со министерската за труд и социјална политика

Претставници од Коалицијата „Менуваме“ денеска во 12 часот ќе се сретнат со министерската за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Од коалицијата „Менуваме“ информираат дека денешната средба доаѓа на покана на министерката Тренчевска по протестот одржан на 7 јуни пред Владата, кога лицата со попреченост побараа решавање на нивните проблеми и зголемување на примањата. На денешната средба, како што велета, …

Continue Reading

Сончево и топло, викендот дожд и пад на дневната температура

За денеска синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има услови за развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, повремено во вид на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната од …

Continue Reading

Состојба на патиштата

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ …

Continue Reading

Рама: Нема простор за напредок додека не се ослободат тројцата косовски полицајци

Албанскиот премиер Еди Рама синоќа реагираше околу ситуацијата на Косово, по средбите на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, со косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ. Споделувајќи дел од реакциите на Жозеп Борел за тензичната ситуација на северот на Косово, премиерот Рама наведува дека ” без тројцата полицајци безбедно да се вратат од Србија, нема простор за …

Continue Reading

Регионална конференција „Унапредување на родовата еднаквост во парламентите“

Во Скопје денеска ќе се одржи регионална конференција „Унапредување на родовата еднаквост во парламентите“, организирана од Клубот на пратенички на Собранието на Република Северна Македонија, во соработка со Мисијата на ОБСЕ. Како што најавуваат од Собранието, конференцијата ќе ја отворат претседателот на Собранието, Талат Џафери и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал. Пратеници и пратенички од …

Continue Reading