Изречени 294 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се казнети 294 возачи. Од нив, 12 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, како што соопшти МВР, 171 возач ја пречекориле брзината во населено место, а …

Continue Reading

СПМ е против донесување на законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Социјалистичката партија на Македонија, како една од најстарите политички партии со организирано делување цврсто е определена за изградбата на демократско општество и за организирање на правна и граѓански уредена држава во која власта произлегува и ја определува народот. СПМ се залага за заштита на положбата на семејството и за почитување на традиционалните македонски семејни вредности. Еднаквоста и слободата на граѓаните …

Continue Reading

Билстром: Шведска ги исполни условите за влез во НАТО кои ги постави Турција

Шведска ги исполни условите кои ги постави Турција за да се приклучи во НАТО, изјави денеска министерот за надворешни работи Тобијас Билстром. Говорејќи на прес-конференција заедно со британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, Билстром рече дека со воведувањето на новиот закон за тероризам, Шведска ги исполнила последните услови за пристапување во Алијансата договорени во трилатералниот план на Финска, Шведска …

Continue Reading

Во Франција пронајдени 40 овци незаконски чувани во социјален стан

Во градот Ница на југот на Франција, откриени биле 40 овци во социјален стан којшто требало да биде празен. Животните биле обележани и сместени во стан од 50 квадратни метри обложен со слама. Полицијата пронашла и веќе заклана овца во станот. Во случајот, уапсени се двајца мажи кои носеле маици измачкани со крв, објави телевизијата „Франс 3“. Надлежните се сомневаат …

Continue Reading

Почна проширувањето на дел од булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово

Почна реконструкцијата и проширувањето на дел од булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, во близина на гимназијата „Сами Фрашери“. Како што соопштија денеска од одделението за комунални дејности, ангажирана е избраната компанија која на терен ги почна активностите. -Продолжуваме со реконструкција на тротоари и дел од булеварот „Трета МУБ“, информираше кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. Претходно, беше извршено проширување на …

Continue Reading

Празникот Курбан Бајрам го честитаа градоначалниците Дука, Куртовски и Ибраим

По повод празникот Курбан Бајрам, честитки до сите верници во регионот, иселениците од овој крај и до сите верници во светот упатија градоначалниците на Дебар, на Маврово и Ростуше и на Центар Жупа. -Честит и за многу години празникот Курбан Бајрам на сите верници во општината и нашите сограѓани во светот, со желби за среќа, добро здравје и благосостојба во …

Continue Reading

Инфо денови и форум за барање партнери за инвестициски проекти од приоритетот 1 „Позелен пограничен регион“ со Бугарија

Заедничкиот секретаријат на програмата Интеррег Бугарија – Северна Македонија организира информативни денови и форум за барање партнери на отворениот повик за инвестициски проекти од приоритет 1 „Позелен пограничен регион“. Повикот е насочен кон специфична цел „Подобрување на заштитата и зачувувањето на природата, биодиверзитетот и зелената инфраструктура, вклучително и во урбаните средини, и намалување на сите форми на загадување“ и има …

Continue Reading

Извештај: Англискиот крикет полн со расизам, сексизам и класна дискриминација

Англискиот крикет е длабоко вкоренет во распространет институционален расизам, сексизам и класна дискриминација, објави Независната комисија за правичност во крикетот (ICEC). Во извештајот, кој британското општество долго го очекуваше, се наведува дека на жените во крикетот се гледа како на „граѓанки од втор ред“, дека расизмот е „вкоренет“ и оти овој спорт е ретка опција во државните училишта. Претседателот на …

Continue Reading

Во април целата потрошена струја произведена во домашни капацитети

Во април годинава во земјава вкупно се потрошени 575 829 мегават часови електрична енергија, 35,898 милиони нормални кубни метри природен гас, 461.047 тони јаглен и 93.326 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, целата потрошена електрична енергија во април е од домашното производство, додека 99,1 отсто од вкупно потрошениот јаглен е употребен за производство на струја.

Continue Reading