Димитриевски до Владата: Дали одредени фирми добиваат милиони евра за концесија, а реалниот земјоделец само да преживее?

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека деновиве од многу земјоделци во Македонија пристигнало барање до него во нивно име да постави неколку прашања до Владата. „Дали е вистина дека во моментов реалната откупна цена на пченицата е 9,00 денари по килограм, а Министерството за земјоделие ги задолжува концесионерите со обврска за концесија во износ од 17,81 денар по …

Continue Reading

Отворена средба на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со граѓанскиот сектор и локалните институции во Гостивар

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) продолжува со остварување отворени средби со претставниците на граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво. Утре (6 јули 2023 година) можност за дискусија, како и мапирање на потенцијални системски проблеми со дискриминација ќе имаат граѓаните и активистите од граѓанските организации и претставниците на институциите во општина Гостивар и неговата околина. „На наше …

Continue Reading

Песков го отфрли како „фикција“ извештајот на ФТ за предупредувањето на Си до Путин

Кремљ денеска го отфрли како „фикција“ извештајот на Фајненшл тајмс (Financial Times) за тоа дека кинескиот претседател Си Џинпинг лично го предупредил рускиот претседател Владимир Путин да не користи нуклеарно оружје во Украина. Запрашан дали може да го потврди извештајот на ФТ, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека не може да го потврди тоа. Песков нагласи дека двете земји …

Continue Reading

Дом на култура Кавадарци одбележува 70 години постоење, наредните три дена Меѓународен фолклорен фестивал 

Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци одбележува 70 години постоење и фолклорна дејност. Во рамки на одбележувањето на јубилејна седумдецениска активност наредните три дена ќе се реализира Меѓународен фолклорен фестивал „Кавадаречки фолклорни средби“. Како што информираше денеска Марјан Тодоровски од Културниот дом, фестивалот ќе се одржи на Градскиот плоштад во Кавадарци на 6, 7 и 8 јули. …

Continue Reading

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека утре во Скопје поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се воведе посебен режим на сообраќај. За сообраќај ќе бидат затворени следните сообраќајници: бул.„Александар Македонски“, ул.„Беласица“, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Климент Охридски“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, дел …

Continue Reading

Отворен Центар за остеопороза и пуштен во употреба нов апарат за мерење на коскена густина во ГОБ „8 Септември“

Во ГОБ „8 Септември“ денеска беше отворен Центар за остеопороза и  пуштен во употреба нов апарат за мерење на коскена густина – остеодензитометарот, со донација од Турската агенција за соработка и координација ТИКА. – Овој настан претставува чекор напред во нашата посветеност да обезбедиме  сеопфатна здравствена заштита на нашите граѓани. Сакам да изразам благодарност за оваа важна донација од Турската …

Continue Reading

Големата плажа – „улцињска Копакабана“ на Јадранот

Прочуената Голема плажа што се наоѓа на самиот југ на Црна Гора, важи за најдолгата плажа на Јадранот. Оваа природна знаменитост е долга 13 километри и широка 60 метри, со површина од 600.000 квадратни метри и се протега од реката Бојана до пристаништето Милена во градот Улцињ, а капацитетот ѝ е дури 150.000 капачи. Затоа, околните жители си ја нарекуваат …

Continue Reading

Преку ублажување на кризата и економско јакнење на жените до поголема конкурентност и инклузија во претпријатијата

Преку подобрување на мерките за ублажување на негативното влијание на кризите, подобрување на организациската поддршка и економскиот јакнење на жените, претпријатијата ќе постигнат поголема конкурентност и инклузивност, ова беа заклучоците кои произлегоа од денешната конференција во рамки на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“. На настанот присуствуваше и министерот за економија Крешник Бектеши кој изрази задоволство од ваквите проекти …

Continue Reading

Судот на ЕУ му го одзеде пратеничкиот имунитет на Пучдемон

Судот на Европската унија денеска му го одзеде пратеничкиот имунитет на поранешниот лидер на Каталонија Карлес Пуџдемон што го уживаше како член на Европскиот парламент, додека тој се соочува со правна постапка во Шпанија. Пуџдемон, кој живее во самонаметнат егзил во Белгија, побегна од Шпанија во 2017 година за да избегне кривично гонење по краткотрајното прогласување независност, што го натера …

Continue Reading