Зеленски во Бугарија на средби со државниот врв

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека пристигнал во Бугарија за да се сретне со премиерот, претседателот, политичарите и новинарите. -Ќе разговарам суштински со премиерот Николај Денков, ќе се сретнам со претседателот Румен Радев, официјални претставници од Владата, парламентарци, политичари и новинари, напиша Зеленски на Твитер. Тој додаде дека главни теми на разговорите ќе бидат одбранбената поддршка, евроатлантските интеграции на Украина, …

Continue Reading

Кевин Костнер ја избрка сопругата од нивниот дом

Судските власти во САД ѝ наложија на сопругата на Кевин Костнер од која се разведува, Кристин Баумгартнер, да се исели од нивната семејна куќа. Таа треба да се исели од луксузниот дом во Санта Барбара, Калифорнија, до 31 јули, а Судот ја донесе одлуката врз основа на нивниот претходно потпишан предбрачен договор. Откако Баумгартнер минатиот месец поднесе барање за развод, …

Continue Reading

Изгoреа два декари жито во селото Уларци

Изгореа околу два декари неожнеано жито во атарот на село Уларци. Пожарникарите од Територијалната Противпожарна единица-Штип дојавата за пожарот ја добиле во 11.40 часот. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека пожарот е изгаснат и е спречено ширење на огнените јазици кон другите земјоделски култури. Посочува дека нивата со жито е зафатена од запалено стрниште. На терен биле …

Continue Reading

Ковачевски – Рама: Берлинскиот процес и останатите регионални иницијативи обезбедуваат побрза евроинтеграција на земјите од регионот

Премиерот Димитар Ковачевски, одржа тет-а-тет средба со неговиот албански колега Еди Рама, на која во фокус на разговорот биле перспективите и придобивките од Берлинскиот процес, интеграциите во Европската Унија, како и важноста од натамошно зацврстување на билатералната соработка меѓу двете соседни земји, кои се членки на НАТО. Премиерите Ковачевски и Рама, соопштија од владината прес-служба, се согласиле дека евро-интегративните процеси …

Continue Reading

Рекордерот Џои раскажува како се чувствува по изедени 62 хот-дога

Џои Честнат од Калифорнија повторно ја освои светската титула во јадење хот-дог сендвичи на натпреварот што традиционално се одржува на 4 јули – американскиот национален празник, на Кони Ајленд во Њујорк. Ова е 16. победа за овој 39-годишен Американец кој изеде 62 виршли за само 10 минути, но не успеа да го собори својот рекорд од 2021 година кога за …

Continue Reading

Бајден го поддржа членството на Шведска во НАТО на средбата со Кристерсон

Американскиот претседател Џо Бајден за време на денешниот разговор во Белата куќа со шведскиот премиер Улф Кристерсон го поддржа членството на Шведска во НАТО. На средбата со Кристерсон, Бајден им кажа на новинарите дека сака да ја потврди американската поддршка за членството на Шведска и додаде дека „со нетрпение го очекува“ нејзиниот прием, пишува Гласот на Америка. Кристерсон му се …

Continue Reading

Црна Гора прв противник на македонските ракометарки на ЕП во Романија

Македонската женска репрезентација вечер од 18:45 часот ќе го одигра својот прв натпревар на Европското првенство за ракометарки до 19 години кое с еодржува во Романија. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде соодветна селекција на Црна Гора. Покрај овие две селекции, во Д-групата се уште и Данска и Чешка. Македонките утре во 2.коло ќе се соочат со Данска, а на 9 …

Continue Reading

Оптимизација на училишната мрежа и нова формула за финансирање во образованието

Десет општини во земјава ќе бидат опфатени со пилот-проект за оптимизација на мрежата на основни училишта односно рационализација и искористување на расположливите образовни ресурси. Целта на проектот е да се обезбедат подобри услови за настава и да се унапредат ресурсите во кадар што заедно ќе доведат до модернизирање на образовниот систем во согласност со глобалните трендови. Ова е приоритет на …

Continue Reading

Делницата Демир Капија – Давидово затворена за сообраќај до 20 јули

Делницата Демир Капија – Давидово ќе биде затворена за сообраќај поради асфалтирање од денеска до 20 јули, во период од 10:00 – 16:00 часот, информираат од АМСМ. До утре ќе важи забраната за сообраќај на патниот правец Велес – Градско (во н.м. Градско), кој е затворен поради асфалтирање од 4 јули, во период од 08:00 – 18:00 часот.

Continue Reading