Песков: Русија внимателно ќе ги следи разговорите помеѓу Ердоган и Зеленски

Кремљ денеска соопшти дека „многу внимателно“ ќе ги следи разговорите меѓу турскиот и украинскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вечерва треба да ја посети Турција. – Ќе ги следиме резултатите од преговорите многу внимателно и ќе го одржиме нашето конструктивно партнерство со Анкара, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој ја поздрави посредничката улога на …

Continue Reading

Се чека Владата да одобри закуп на земјиштето, по што ќе почне инвестицијата за електрични автомобили во Тетово

По 11 месеци разговори, компанијата која планира инвестиција за електрични автомобили во Тетово потпиша договор со три домашни градежни фирми за изградба на објектот. Моментно се чека Владата да даде согласност на договорот за закуп на земјиште, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски. Како што оцени Деспотовски, работите течат, но не со посакуваната …

Continue Reading

Мицкоски: Уставни измени под диктат нема да има, го охрабрувам Османи за предвремени избори

Уставни измени под диктат нема да има. Го охрабрувам Османи за предвремени избори за да го слушнеме народот што има да каже за политиките на оваа влада и тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе го понуди, па потоа да размислуваме за многу други работи, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој денеска при посета на општина Карбинци, на новинарско прашање за вчерашната …

Continue Reading

Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари

На едно семејство во јуни за минимални месечни трошоци му биле потребни 48.543 денари, покажуваат податоците од синдикалната кошничка што на месечно ниво ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија. Оттаму велат дека иако има благо намалување на вредноста на синдикалната кошничка во јуни, сепак трошоците за храна и пијалоци се зголемени. За храна и пијалоци во јуни биле потребни …

Continue Reading

Инфлацијата во Грција намалена на 1,8 отсто, но цените на прехранбените продукти остануваат високи

Годишната инфлација во Грција во месец јуни дополнително се намалила и изнесува 1,8 отсто, наспроти 2,8 проценти во мај, меѓутоа цените на прехранбените производи остануваат високи, согласно официјалните податоците од грчката служба за статистика, јави дописничката на МИА од Атина. Намалувањето на инфлацијата во главно се должи на падот на цените на нафтата, природниот гас и електричната енергија. За една …

Continue Reading

Во Ресен доделена наградата „Актер на Европа“ за животно дело на Енико Есењи од Унгарија

Енико Есењи, актерка и режисерка од Унгарија, синоќа во Сарајот во Ресен ја доби наградата за животно дело „Актер на Европа“ за 2023 година, која традиционално ја доделува истоимениот интернационален театарски фестивал. Есењи, носителка на унгарски престижни државни награди и на Орден за заслуги на Република Унгарија, актерка која одиграла бројни главни улоги во драмски дела меѓу кои Лејди Ен, …

Continue Reading

Османи-Кери во Виена: Климатските промени и нивното негативно влијание на безбедноста во фокус на средбата 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во својство на претседавач со ОБСЕ, денеска остварил средба со американскиот специјален претставник за клима, Џон Кери на маргините на ОБСЕ Конференцијата за климатски промени во Виена. Како што соопштија од Министерството за надворешни работи (МНР), Османи и Кери разговарале за климатските промени и нивното влијае на безбедноста и стабилноста во целиот регион на …

Continue Reading

Кина најавува построга контрола на увозот на храна од Јапонија

Кинеската царинска управа најави дека ќе ја зајакне контролата на увозот на група прехранбени производи од Јапонија по одлуката на Токио да испушти контаминирана вода од нуклеарната централа Фукушима во морето. Веднаш по катастрофата во Фукушима во 2011 година, Кина го забрани увозот на храна и земјоделски производи од пет јапонски префектури. Потоа ја прошири забраната и во моментов не …

Continue Reading

Деспотовски за уставните измени: Да се обидеме заеднички да го зајакнеме впечатокот кај инвеститорите дека сме стабилна и безбедна држава

Не треба да бидеме заложници на политичките процеси во државата. Чекаме и се надеваме дека уставните измени успешно ќе се реализираат. Земјава во очите посебно на странските големи инвеститори, е стабилна и безбедна држава, што е многу важно. Имајќи го предвид тоа, да се обидеме заеднички тој впечаток да го зајакнеме, порача денеска директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни …

Continue Reading