Од верските календари

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 јуни. Свети Сампсон Странопримец Овој светител е роден од богати и прочуени родители во стариот Рим, каде што го изучи сето светско знаење на тоа време, а особено ? се посвети на лекарската наука. Како лекар беше милосрден и бесребрен, а на болните им даваше лекови за телото и за душата, …

Continue Reading

На денешен ден

138.- Умрел римскиот цар Публиј Еилиј Адријан, кој по доаѓањето на престолот во 117 година откако увидел дека Римското царство слабее, се одрекол од освојувања и ги утврдил границите во Германија и во Британија. Бил голем почитувач на грчката култура и покровител на уметноста, пишувал стихови, вајал и сликал. 1509.- Роден е Жан Калвин, верски реформатор, основач на калвинистичката протестантска …

Continue Reading

Астрономски календар

Денеска е понеделник, 10 јули 2023 година, 191-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 174 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 7 минути, а ќе зајде во 20 часот и 11 минути. Денов трае 15 часа и 3 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее 6 минути по полноќ, а ќе …

Continue Reading

Битиќи: Вработените во јавниот и приватниот сектор заслужуваат достоинствени плати

Сите вработени во јавниот и приватниот сектор заслужуваат достоинствени плати со зголемена продуктивност и ефикасност на нивните работни места, изјави вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. За време на денешната посета на битолската фабрика Цермат, вицепремиерот Битиќи посочи дека очекува наредната недела да биде постигнат договор за општиот колективен договор. -Со синдикатите разговараме …

Continue Reading

Од понеделник ќе се изврши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци

Општина Центар информира дека од понеделник до петок ќе се изврши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци. Дезинсекцијата ќе се изврши во период од 22.00 до 03.00 часот. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, посочуваат од општината, ќе се прска наредниот ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини. Од Кабинетот, се известуваат пчеларите …

Continue Reading

Османи: Социјалната кохезија меѓу различните заедници е клучот за стабилноста на секоја земја

Конструктивната сила на социјалната кохезија преовладува над деструктивното влијание на фрагментацијата и раздорот. Таа е одговорот на сите комплексни предизвици со коишто се соочува човештвото. Ова е една од главните поенти од обраќањето на Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на денешниот настан по повод 30 години од основањето на Високиот комесаријат за национални малцинства на …

Continue Reading

Ковачевски: За 27 семејства од Свети Николе обезбедивме дом и им помогнавме да си го решат егзистенцијалното и генерациско прашање

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со директорот на Јавното претпријатие за стопанисување за станбен и деловен простор, Зоран Ѓоргијев, денеска во Свети Николе на 27 семејства им ги доделија клучевите од социјални станови за домување. Ковачевски во своето обраќање ја истакна посветеноста на Владата во грижата кон најранливите во нашето општество, за граѓаните на кои државата треба да им помогне со …

Continue Reading

Куманово ќе го реконстуира малиот градски плоштад

Куманово го распиша тендерот за реконструкција на малиот градски плоштад кај Центарот за култура. Ова е прва фаза од почетокот на спојувањето на големиот и малиот градски плоштад во Куманово, при што е предвидено дел од улицата да биде затворена за сообраќај и воведување на пешачка зона, соопштија денеска надлежните од општината. Активностите се дел од проектот за реконструкција на …

Continue Reading

ТАВ Македонија беше домаќин на српски туристички блогер за промоција на Охрид и Охридското Езеро

ТАВ Македонија, со поддршка на Air Serbia, го пречека и беше домаќин на српскиот блогер за патувања Putuj.rs, со цел промоција на Охрид и Охридското Езеро како дестинациja за патување кај луѓето од соседна Србија, кои од 19 јуни 2023 година можат да пристигнат во Охрид за помалку од 1,5 час, со летовите на Ер Србија на обновената линија Белград-Охрид, …

Continue Reading