На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ за излез од државата времето на чекање е околу еден час. Како што соопшти АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Continue Reading

„Бетон.Ск“ – едукативно-стручен настан за производство на бетон

Во дворот на фабриката АДИНГ АД во Скопје денеска ќе се одржи едукативно-стручен настан за производство на бетон, насловен „Бетон.Ск“, во организација на фабриката, Градежниот факултет при УКИМ во Скопје и средното училиште „Здравко Цветковски“. Настанот е во рамки на серија настани насловени „Скопско асеизмичко лето“ посветени на одбележување на 60-годишнината од скопскиот земјотрес. Како што појаснуваат организаторите, главна цел …

Continue Reading

Без струја корисниците од улицата „Андреја Зограф“ во Ѓорче Петров

Без електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од улицата „Андреја Зограф“ во Општина Ѓорче Петров во Скопје. Како што соопштија од РЦУК – Скопје, корисниците ќе бидат без струја од 09:00 до 14:00 часот.

Continue Reading

Градоначалниците ќе решаваат како да го исчистат сметот во Скопје, по штрајкот во Комунална хигиена

Во Скопје деновиве не се собира смет поради протест на вработените во Комунална хигиена кои бараат повисоки плати и враќање на отпуштените колеги од работа. Градот е полн со смет, а градоначалниците од Скопскиот плански регион денеска ќе одржат состанок на кој ќе расправаат за состојбата со хигиената во Скопје. Во меѓувреме, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со помош на своите колеги …

Continue Reading

Синдикатите и Владата во нов обид да најдат прифатливо решение за платите во јавниот сектор

Синдикатите и Владата денеска повторно ќе се сретнат во обид да најдат заедничко прифатливо решение за зголемувањето на платите и за методологијата за раст на платите во јавниот сектор. Оптимизам има кај двете страни по последната средба што се одржа во Министерството за финансии. Министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА, што беше објавено викендот, истакна дека според …

Continue Reading

Бајден: Шведска ќе влезе во НАТО со „конзорциум“ за воените капацитети на Грција и Турција

Претседателот на САД Џо Бајден е оптимист дека Шведска најпосле ќе влезе во НАТО бидејќи Турција која се противи бара модернизација на ловците F-16, „а тоа го бара и Грција која гласашe за прием на Шведска“. Во интервју за Си-ен-ен емитувано синоќа, Бајден укажа дека затоа е потребен „конзорциум“ за зајакнување на НАТО со воените капацитети на Грција и Турција. …

Continue Reading

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат Св. Николе – Куманово

Поради сообраќајна несреќа изутринава, од 5:00 часот, во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Св. Николе – Куманово. Како што соопшти АМСМ, сообраќајот е во прекин во двата правца.

Continue Reading

Сончево и топло со температура до 35 степен

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен …

Continue Reading

Кашиковски: Тројца вработени од „Комунална хигиена“ повредени во обид возила за смет да излезат од претпријатието

Вработените во „Комунална хигиена“ кои вечерва протестираа пред претпријатието тврдат дека тројца нивни колеги се повредени кога полицијата интервенирала за неколку камиони да излезат од кругот на претпријатието. Претседателот на СУТКОЗ Стојанче Кашиковски во изјава за медиумите рече дека се направени неколку обиди да стапат во контакт и да преговараат со директорката Косана Мазнева Николиќ, но дека тоа не се …

Continue Reading