Сара Силверман ги тужи „Мета“ и „Опен-АИ“ поради ВИ

Комичарката и писателка Сара Силверман, заедно со писателите Ричард Кадри и Кристофер Голден, поднесе тужба против „Мета“ и „Опен-АИ“, поради наводна неовластена употреба на нивните дела и содржината за вештачка интелигенција што собира сознанија, т.е. „учи“ јазици. Американските писатели бараат парична отштета, без да наведат износ. Содржината на нивните книги е заштитена со авторски права, а била користена од „Мета“ …

Continue Reading

Евробарометар: Нивото на доверба во ЕУ расте во земјите кандидати за членство

Нивото на доверба во ЕУ се зголеми во земјите кандидати за членство во Унијата во споредба со она од пред шест месеци, покажуваат најновите резултати од истражувањето на Евробарометар објавени денеска, според кои, довербата кон блокот во земјава пораснала за еден процентен поен и сега изнесува 48 отсто. Од останатите земји кандидати за членство, најголем раст на довербата се бележи …

Continue Reading

Тренчевска: Време е да имаме еднакви можности, еднаков пристап до ресурси и најважно еднакви придобивки

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во утринската програма на Македонската телевизија посочи дека на Предлог-законот за родова еднаквост се работи од 2019 година, формирана е работна група и одржани се 18 јавни расправи низ државата со цел да се слушнат сите чинители во општеството и да се креира законско решение кое може да се реализира со вистински …

Continue Reading

Движење Беса: Корупцијата и политичките влијанија направиле довербата на граѓаните во органите за правдата да биде само три отсто

Фатмир Сабриу, претседател на Комисијата за правда при Движењето Беса на денешната прес-конференција посочи дека тоа што нивната партија долго време и континуирано ја изразува својата загриженост за лошата состојба во судството се потврдило со изјавите на неколку амбасадори. Според него, корупцијата и политичките влијанија, недостатокот на ефикасност и професионализам направиле довербата на граѓаните во органите за правдата да биде …

Continue Reading

Литванија, воочи Самитот на НАТО, цел на кибернапади

Литванија, еден ден пред Самитот на НАТО во Вилнус, е цел на кибернапади, соопштија властите на балтичката држава. Кибернападите беа насочени кон веб-страниците на градот Вилнус, вклучувајќи туристички информации и апликација за јавен превоз. Литванскиот Национален центар за кибербезбедност соопшти дека соработува со разузнавачките агенции и полицијата, како и со странски партнери. Центарот објави дека вчера добил извештај за два …

Continue Reading

Грегановиќ: Атлетите од Специјална Олимпијада покажаа дека можеме да се носиме со најголемите спортски сили

НЛБ Банка денес организираше неформално дружење со атлетите на Специјална Олимпијада на Македонија и нивните тренери, кои се вратија од последната Светска Олимпијада во Берлин со освоени пет медали. Претседател на Управниот одбор на НЛБ, Бранко Грегановиќ, им оддаде признание на македонските атлети за големиот успех. – Нашите атлети со петте освоени медали во Берлин докажаа дека можат да се …

Continue Reading

Во првата половина од годинава во Албанија запленети 62 килограми хероин, 11 килограми кокаин, над 800 килограми марихуана

Албанија и оваа година се претвори во „коридор“ во кој циркулираат десетици килограми дрога. Полицијата во различни операции запленила големи количини хероин, кокаин и марихуана, која е најупотребувана дрога, јавија албанските медиуми. – Запленетата количина марихуана во првата половина од годинава се проценува на над 800 килограми, додека полицијата продолжува да работи на елиминирање на одгледувањето на канабисот. Уништени се …

Continue Reading

Каевски: За хаосот со ѓубрето во Скопје одговорноста е кај Мицкоски и градоначалниците на ДПМНЕ

Поради неспособноста на ДПМНЕ и кадрите на Мицкоски Скопје со денови буквално се дави во ѓубре. Преполни контејнери, нехигиена и диви депонии. Погледнете зад мене, каде што шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски даваше изјава во Радишани. Купови смет, во близина на детска градинка, трговски центар, среде населба. Еколошка катастрофа која може да стане извор на зарази. Ова што Мицкоски и ДПМНЕ …

Continue Reading

Каранфилов: Државната комисија за жалби по јавни набавки лани решила 784 предмети од вкупно 837

Членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска го разгледаа Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2022 година. Кирил Каранфилов, претставник од Државната комисија за жалби по јавни набавки истакна дека во текот на 2022 година до комисијата пристигнати се и формирани 967 предмети, од кои 130 се формирани како предмети доставени …

Continue Reading