Вучиќ го информира рускиот амбасадор за насилството на Приштина врз Србите на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во Белград, Боцан Харченко и го информираше за политичкото, правното и физичкото насилство што Приштина го применува врз Србите во Косово, јави дописникот на МИА од Белград. -Изразена е загриженост за безбедносната состојба на Косово и Метохија, која освен што го загрозува животот и опстанокот на Србите, …

Continue Reading

БИА му забрани влез во Србија на руски антивоен активист кој живее во Белград

На рускиот антивоен активист Петер Никитин, основач на Руското демократско општество, не му е дозволен влез во Србија и покрај тоа што има добиено постојано живеалиште во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Никитин, од белградскиот аеродром за ТВ Н1 соопшти дека се наоѓа таму од синоќа откако се вратил од одмор во Португалија. – На пасошка контрола на …

Continue Reading

Клиниката за гастроентерохепатологија стана член на европски конзорциум за хронична црнодробна слабост

Клиниката за гастроентерохепатологија стана еден од 100-те референтни центри за проучување на хроничната црнодробна слабост кои се лоцирани во 26 европски држави. Активностите кои се спроведени во рамките на клиниката имаат крајна цел за подобрување на квалитетот на живот и зголемување на преживувањето на пациентите со цироза на црн дроб. – Низата активности кои беа преземени за унапредување на дијагностиката …

Continue Reading

ОН: Околу 2,4 милијарди луѓе немаат постојан пристап до храна

Околу 2,4 милијарди луѓе немаат постојан пристап до храна, а дури 783 милиони луѓе се соочуваат со глад, се наведува во извештајот на Обединетите нации за состојбата со безбедноста на храната. Во исто време, околу 148 милиони деца страдаат од застој во развојот. Извештајот става посебен фокус на Азија, Карибите и Африка, каде 20 отсто од населението ги чувствува ефектите …

Continue Reading

Почна увидот во кумановскиот суд

Почна увидот во Основниот суд Куманово, кој треба да ги покаже причините за пожарот што  избувна завчера. – Увидот ќе го спроведува основен јавен обвинител од Скопје, ќе присуствувам и јас и дежурен обвинител од Куманово, увидна екипа од СВР Куманово заедно со кримтехнкка од Скопје, вешто лице електроинженер и инспектор за пожари. По завршување на увидот ќе ја информираме …

Continue Reading

Приведен дилер на дрога во Прилеп

Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера го лишиле од слобода прилепчанецот Р.Р. (52). Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом и други простории во Прилеп, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилки, дигитална вага и други предмети. -Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против лицето ќе следува соодветна пријава, …

Continue Reading

„Следоред“ со рекордни 27 номинации за годинашните „Еми“ награди

Драмата на „Ејч-би-о“, „Следоред“ (Succession), води по бројот на номинации за телевизиските „Еми“ награди, со 27 можности за одличје за својата последна сезона. Toa e рекорд како број на номинации во една година. Досега двапати прогласена за најдобра драма, приказната за битката за контрола на медиумската империја на едно семејство, се натпреварува покрај апокалиптичната „Последните од нас“ (The Last of …

Continue Reading

Климатски активисти пресекоа огради, блокираа авиони на германски аеродроми

Климатски активисти од групата Последна генерација утрово го запреа воздушниот сообраќај на два големи германски аеродроми, јави ДПА. Членовите на активистичката група поминаа низ безбедносните контроли на аеродромите во Хамбург и Дизелдорф и се залепија на асфалтот. Протестот се совпадна со почетокот на летните одмори во Хамбург. Аеродромот во Хамбург утрото на Твитер информира дека летовите биле прекинати бидејќи неовластени …

Continue Reading

„Индипендент“: Зошто треба да го замените езерото Комо со Македонија

Освежувачко вино на тераса на сонце, непосредно до водата; возења со брод и Стар град на списокот на УНЕСКО: Охридското Езеро има сè што би посакале за шик-одмор за мали пари, открива Сара Холт. Луѓе пијат аперол и еспресо и грицкаат пица, со главите свртени кон паунско-зелената вода, опколена од ридови полни со вили. Сцената не е поинаква од езерото …

Continue Reading