Голем број пожари во јужна Италија се предизвикани од пиромани

Јужна Италија е зафатена од шумски пожари, а според Земјоделскиот синдикат Колдирети и локалните жители, поголем број од пожарите се предизвикани од пиромани. Според Колдирети дека 60 проценти од шумските пожари се предизвикани од човечки фактор. Локалните жители во Калабрија изјавија дека за пожарите се одговорни несмасните земјоделци. Претседателот на Калабрија, Роберто Очиуто изјави дека човечкиот фактор предизвикал 80 отсто …

Continue Reading

Приватен хеликоптер удри во пистата и се преврти при слетување на грчкиот остров Самос

Полесно се повредени патниците од приватен хеликоптер што при слетувањето на грчкиот остров Самос, удрил во пистата и се превртил, според информациите на грчката телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Хеликоптерот полетал од островот Парос, застанал на Самос да наполни гориво, а крајната дестинација била Турција. ЕРТ објави дека во хеликоптерот имало две лица, кои се полесно повредени.

Continue Reading

ЈО: Се постапува за расчистување на настанот со повреден бугарски навивач кај ТЦ „Чаирчанка”

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека е известено за настанот и ги издава сите потребни наредби и насоки за идентификација на лицата кои учествувале во инцидентот во кој вчера беше повреден еден навивач на фудбалскиот клуб „Левски” од Софија. Според првичните сознанија, како што се наведува во соопштението од ЈО, до настанот дошло додека навивачи на ФК „Левски” со две …

Continue Reading

Стејт департментот го повика владиниот персонал веднаш да го напуштат Хаити

Стејт департментот им наложи на владиниот персонал и нивните семејства да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради криминалот и граѓанските немири во земјата. Стејт департментот, исто така, ги повика оние граѓани на САД кои не работат за владата да го напуштат Хаити што е можно поскоро. Во соопштението се наведува дека киднапирањата на американски државјани се широко распространети …

Continue Reading

Јадењата со инсекти се враќаат на менијата во Јапонија

Сашими од свилена буба или кари од штурец се враќаат на менито во Јапонија бидејќи инсектите полека стануваат поодржлив извор на храна – и додека на некои им се едноставно одвратни, други ги сметаат за обично јадење, па дури и деликатес. Ентомофагијата, т.е. јадењето инсекти, почна сериозно да се сфаќа на светско ниво, откако Обединетите Нации ги прогласија инсектите за …

Continue Reading

Утринските температури од 4 степени во Берово до 17 во Гевгелија

Во Берово утрово се измерени 4 степени и шест во Лазарополе, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Крива Паланка, Маврови Анови и Попова Шапка утринската температира е 8 степени, 9 се измерени во Битола, 10 во Скопје-Петровец, Тетово, Струмица и Крушево, 11 во Охрид, Прилеп и Штип, 12 степени во Скопје-Зајчев Рид, Претор, Демир Капија, Виница, Дебар, Велес и  Кавадарци, …

Continue Reading

Делови од Бутел и Карпош денеска без вода

Без вода денеска од 8:30 часот се дел од жителите од населбата Радишани. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-80 мм на „Радишанска Лево 217“ (Бел Камен – Радишани). Поради уличен дефект на улица „Јуриј Гагарин“ 105б, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од улиците „Јуриј Гагарин“ и „Козле“. Водоснабдувањето ќе биде …

Continue Reading

Подобрена ситуацијата со пожарите во Грција, безбедна базата на военото воздухопловство кај Волос

Рано утрово значително е подобрена ситуацијата со сите пожари во Грција, а во близина на базата на военото воздухопловство кај Волос каде што вчера беше зафатен магацин со муниција и имаше експлозии, веќе не постои активно жариште, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот во близина на приморскиот град Неа Агхиалос, поради силниот ветер, вчера попладне брзо се прошири, стигна …

Continue Reading

Мадона заздравува и се чувствува добро по престојот в болница

Мадона минатиот месец заврши в болница поради тешка инфекција, поради што ја одложи и турнејата. Пејачката која се движи кон средината на седмото десетлетие од својот живот, сега е дома, па на Инстаграм објави видео на коешто танцува и им покажа на обожавателите дека заздравува успешно и се чувствува добро, прославувајќи ја, меѓу другото, и 40-годишнината од објавувањето на нејзиниот …

Continue Reading