Израел го призна суверенитетот на Мароко над Западна Сахара

Израел го призна суверенитетот на Мароко над Западна Сахара и размислува за отворање конзулат на таа територија, соопшти кралската палата на Мароко. Според извештаите, позицијата на Израел е изразена во писмо на премиерот Бенјамин Нетанјаху до кралот Мохамед Шести. Ставот на Израел „ќе биде испратен до Обединетите нации, регионалните и меѓународните организации“, се вели во соопштението на кралската палата. Досега …

Continue Reading

Пет жртви при пад на Цесна во Полска

Најмалку пет лица загинаа, а пет се повредени кога авион „Цесна“ синоќа се урна врз хангар на аеродромот во Насиелск, во близина на Варшава, соопшти полската полиција. – Загинаа пет лица. Петмина се повредени, а четири лица воопшто не се повредени, изјави Моника Новаковска-Бринда од локалната полициска команда за полската телевизија Полсат. Најмалку 10 лица се засолниле во хангарот од …

Continue Reading

Роналдо: Нема да се вратам во европскиот фудбал, вратата е целосно затворена

 Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо одговори на прашањето на новинарот Фабрицио Романо за можно враќање во некоја од европските лиги. – Нема да се вратам во европскиот фудбал, вратата е целосно затворена. Европскиот фудбал изгуби многу во квалитетот…само Премиер лигата е навистина силна, таа е далеку пред сите други лиги, изјави Роналдо, Триесет и осумгодишниот напаѓач од јануари настапува за …

Continue Reading

Грчките пожарникари продолжуваат со гаснењето на трите активни пожари

Во текот на целата ноќ грчките пожарникари се бореа со огнените јазици на три различни локации во Грција, а гаснењето на пожарите продолжува и утрово, и од копно и од воздух, со речиси 600 пожарникари, возила, авиони и хеликоптери, јави дописничката на МИА од Атина. Во земјата, од вчера активни се три пожари, во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот …

Continue Reading

Бајден ќе се сретне со мировниот пратеник на папата Франциск

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе се сретне со мировниот пратеник на папата Франциск како дел од мировните и хуманитарните иницијативи на Светата столица за Украина, а ќе се разговара пред сè состојбата на украинските деца кои се однесени во Русија, соопштија Белата куќа и Ватикан. Кардиналот Матео Зупи е во посета на Вашингтон до утре. Пред тоа тој беше …

Continue Reading

КФОР го предупреди Косово по купувањето на вооружените дронови од Турција

Мировните сили на Косово предводени од НАТО (КФОР) вчера ја предупредија Приштина по купувањето на турски вооружени беспилотни летала, потсетувајќи ја дека единствено тие се одговорни за нејзиниот воздушен простор. Оваа изјава на КФОР доаѓа еден ден по веста за набавка на турски беспилотни летала „ТБ-2 Бајрактар“ ​​што ја објави премиерот Албин Курти. „Кога станува збор за употреба на сите …

Continue Reading

Елизабет Борн останува премиерка на Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека Елизабет Борн ќе остане премиерка, изјави синоќа извор од кабинетот на Макрон. – Со цел да се обезбеди стабилност и длабинска работа, претседателот одлучи да ја задржи премиерката, рече изворот. Францускиот претседател, исто така, ќе даде назнаки за неговите планови за следните месеци „до крајот на неделата“, рече изворот. Претходно се појавија гласини за …

Continue Reading

Русија ноќеска почна воздушни напади на југот и истокот од Украина

Русија во текот на ноќта почна со воздушни напади врз јужна и источна Украина користејќи беспилотни летала и балистички ракети, соопштија рано утринава украинските воздухопловни сили. Јужното пристаниште Одеса и регионите Миколаив, Доњецк, Херсон, Запорожје и Дњепар се под закана од напад од руски беспилотни летала, јави Военото воздухопловство на апликацијата за пораки Телеграм. Се додава дека Русија можеби користи …

Continue Reading

Во Ел Салвадор уапсени повеќе од 100 Колумбијци поради кредитна измама

Полицијата во Ел Салвадор уапсила повеќе од стотина Колумбијци за нивна наводна вмешаност во водење на мрежа за измама со заеми која перела пари од шверц на дрога и банди, соопштија безбедносните власти. Според официјални лица, криминалната група наводно давала заеми на поединци и мали бизниси со камата од 20 проценти користејќи незаконски стекнати средства. Владата на претседателот Најиб Букеле …

Continue Reading