Гувернерот на Бундесбанк сака да ги „чешла“ социјалните мрежи во потрага по лажни вести

Лажните вести на социјалните мрежи би можеле да бидат поттик за масовни повлекувања на заштеди од банките, предупреди денеска гувернерот на германската Централна банка „Бундесбанк“, Јоаким Нагел, залагајќи се за следење на објавите. Тој пристап ќе им овозможи на супервизорите навремено да утврдат дали постои опасност од масовно повлекување на заштедите, вели Нагел во интервју за „Redaktionsnetzwerk Deutschland“ -Доколку голем …

Continue Reading

Ковачевски очекува плодна дискусија за уставните измени и натпартиски консензус за евроинтеграцијата на државата

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека околу уставните измени очекува да има плодна дискусија, конструктивна расправа и оти ќе има натпартиски консензус за продолжување на европската интеграција на државата. -Владата вчера информираше преку соопштение и преку објавување на интегралниот текст на предлог иницијатива за уставни амандмани дека одлуката едногласно е донесена и доставена вчера до Собранието. Собранието согласно своите процедури ќе …

Continue Reading

Тропски температури и во наредните денови

До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, соопшти УХМР. Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 15 до 24, а максималните дневни ќе достигнат до 43 степени. Благо опаѓање на температурата за два до три степени ќе …

Continue Reading

Американката Фиона Скот Мортон се откажа од функцијата главен економист на Европската комисија

Еврокомесарката за пазарна конкуренција Маргрете Вестагер денеска објави дека Американката Фиона Скот Мортон се откажала од нејзиното именување на функцијата главен економист на Европската комисија. Вестагер не ја откри позадината зад одлуката, но таа доаѓа откако францускиот претседател Емануел Макрон и големите европски политички групи го критикуваа предлогот да се назначи Американка на клучна позиција во Европската унија. „Професорката Фиона …

Continue Reading

Запленетите акции на Мијалков одат на аукција на берза

Акциите запленети од предметот „Империја“ што се во сопственост на поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, во наредните пет дена ќе бидат ставени на аукција на берза. Акциите денеска ќе бидат ставени за тргување на Македонската берза за хартии од вредност по принципот „се или ништо“. Тоа значи акциите во „ТТК“ банка, Тутунски Комнибат „Прилеп“, „Акцелор …

Continue Reading

Ковачевски: Информациите за рудникот Иловица прво ќе бидат доставени до Владата, а потоа ќе се споделат и со медиумите

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека сите информации поврзани со рудникот Иловица најпрво ќе бидат доставени до Владата, а потоа министерот за економија Крешник Бектеши ќе ги сподели и со медиумите. Одговорајќи на новинарско прашање по теренската посета на делницата Градско – Дреново, Ковачевски повтори дека ако граѓаните не сакаат, рудник нема да има. -Вчера вицепремиерот Битиќи на прес-конференција одговори …

Continue Reading

Во Брисел почна средбата меѓу Лајчак и Петковиќ

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, утринава во Брисел се сретна со директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петер Петковиќ, како дел од продолжението на дијалогот, јави Бета. Лајчак треба да се сретне и со главниот косовски преговарач, Бесник Бисљими, а ЕУ се надева дека ќе се одржи и трилатерална средба, но тоа, …

Continue Reading

Украински разузнавачи: Ние го разнесовме магацинот во руска база, Русите го кријат бројот на загинати

Шефот на воената разузнавачка служба на Украина, Кирило Буданов соопшти дека синоќешната експлозија на складиште за муниција во руска воена база на окупираниот Крим е операција на украинските специјални сили. – Успешно спроведовме операција на окупираниот Крим. Непријателот го крие обемот на штетата и бројот на жртвите, објави Буданов на својот канал на Телеграм.

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска: „Синедејс“ на плус 40 степени на скопскиот асфалт, беше како извор на пријатна свежина

Со македонската премиера на филмот „Бизнисот на задоволството“ во режија на Гоце Цветановски, во Младинскиот културен центар заврши 22 – то  издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ (CINEDAYS). Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, при затворањето на овој  фестивал, го истакна творечкиот и уметнички потенцијал на врвните македонски и европски авторски филмски остварувања. − Во изминатите шест дена, секој прикажан …

Continue Reading