Тен Хег сака поефикасен Манчестер јунајтед во новата сезона

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг е задоволен од вчерашната победата (1:0) на тимот над Лион на натпреварот одигран во Единбург. Сепак, Тен Хаг им забележа на своите избраници дека мора да ја подобрат ефикасноста која според него беше проблем мината сезона. – Треба да постигнуваме повеќе голови. Истиот проблем го имавме и минатата сезона. Фудбалерите треба да разберат …

Continue Reading

Пожарот во близина на Атина ставен под контрола, на Родос сѐ уште е активен

Уште една ноќ, пожарникарите во Грција се бореа со огнените јазици и успеаа да го стават под контрола пожарот што од понеделникот се ширеше во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, иако постојат повремени разгорувања, додека пак оној на островот Родос, што е во непрооден планински дел, сѐ е уште активен,  јави дописничката на МИА од Атина. …

Continue Reading

Почнува Светското фудбалско првенство за жени

Со натпреварот Нов Зеланд – Норвешка, утрово (почеток 9 часот) во Оукленд ќе биде отворено Светското првенство за фудбалерки. Во вториот денешен натпревар ќе се сретнат Австралија и Република Ирска. Овој натпревар почнува во 12 часот по македонско време. Овој Мундијал е деветти и прв кој се игра во две држави – Австралија и Нов Зеланд. На првенството за прв …

Continue Reading

Вицепремиерот Битиќи ќе ја посети компанијата „Макпрогрес“ во Виница

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска ќе ја посети компанијата „Макпрогрес“ во Виница. Примарна дејност на „Макпрогрес“ е производство на кондиторски производи. Компанијата е поддржана преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Continue Reading

Заборавените украински вдовици и потрагата по телата на нивните сопрузи

Многу украински вдовици претрпеле големи страдања додека ги пребарувале вреќите со останките на загинати војници за да ги пронајдат своите сопрузи кои загинале борејќи се против руските сили. Природата на војната, која користи различни напредни оружја како што се ракети, артилерија и воздушни бомбардирања, им отежнува на вдовиците да ги пронајдат телата или деловите од телата на нивните сопрузи за …

Continue Reading

Санкционирани 200 возачи во Скопје, 50 за брзо возење

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 200 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се седум мерки за користење на мобилен телефон при возење и седум санкции …

Continue Reading

Откриени две планети со иста орбита околу нивната ѕвезда

Шпански астрономи денеска објавија дека откриле две планети што делат иста орбита околу нивната ѕвезда, наречена ПДС-70. Тоа е ретка вселенска појава. – Познато е дека астероидите следат планети околу нивната ѕвезда, на пр. Јупитер и неговите тн. „тројански астероиди“. Но, планети во иста орбита се многу ретки. Во теорија, можно е да постојат, но никој досега не открил такво …

Continue Reading

Севилја го победи Индепендиенте дел Вале на пенали и го освои Челинџ купот

Севилја синоќа на домашен терен го совлада Индепендиенте дел Вале во натпреварот челинџ куп УЕФА-КОНМЕБОЛ. Ова беше дуел на актуелните победници на Лига Европа и Копа Судамерикана. Еквадорскиот тим поведе веќе во 10. минута преку Брајан Дијаз. Шпанскиот тим успеа да изедначи во последните секунди од средбата со голот на Педро Ортиз. Во пенал рулетот играчите на шпанскиот клуб се …

Continue Reading

Најмалку 20 загинати во свлечиште во Колумбија

Најмалку 20 лица загинаа, меѓу кои пет деца, во лизгање на земјиште во Колумбија, соопштија локалните власти. Девет лица се водат како исчезнати, а шест лица се повредени, соопшти локалната противпожарната бригада. Според надлежните, оштетени се 29 куќи, неколку патишта и снабдувањето со електрична енергија и вода. Во погодената општина Кветаме, 50 километри југоисточно од главниот град Богота, и денеска …

Continue Reading