Спасовски: На јужната граница зголемен прометот на патници за 30 проценти, само на Меџитлија за 60 проценти

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера  во рамки на проектот на МВР „Отворен Кабинет”, беше во работна псоета на СВР Битола, при што реализираше средби со граѓани, а го посети и Граничниот премин Меџитлија, каде оствари работна средба со раководството на Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија и на Регионалниот центар за гранични работи „Југ“. Како …

Continue Reading

Приведен крадец на велосипед во Скопје

Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода вчера го лишиле од слобода Ф.М.(32) од Скопје. Како што соопшти МВР, тој бил затекнат при извршување на разбојничка кражба на подрачјето на Кисела Вода, при што одзел велосипед. -Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Ф.М. бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање …

Continue Reading

Министерот за одбрана на Србија го обвини Косово за дополнително вооружување

„Приштина ги вооружува своите Косовски безбедносни сили со моќни системи за да ги трансформира во Војска на Косово, изјави српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, тој за белградската ТВ Прва изјави дека „ова е најфлагрантно кршење на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и на Кумановскиот договор“. Освен беспилотни …

Continue Reading

Адеми: Не сум добил формално известување дека Меџити и Коџаџику ја напуштаат пратеничката група на ДУИ

Пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми, денеска изјави дека формално тие уште имаат 15 пратеници бидејќи Иџет Меџити и Мерита Коџаџику се уште не најавиле дека заминуваат од оваа пратеничка група. -Нашата пратеничка група броеше 15 пратеници, но формално се уште брои, од причина што како координатор на пратеничката група сè уште немам формална одлука за …

Continue Reading

Археолозите открија нов мозаик во Теодосијанската палата во Стоби, локалитетот го посети министерката Костадиновска-Стојчевска

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска го посети археолошкиот локалитет Стоби и беше информирана за најновите археолошки истражувања на Теодосијанската палата, која е една од најголемите и најлуксузно декорирани градби што се откриени во овој антички град. -Од Националната установа Стоби ја информираа министерката за најновото археолошко откритие – нов мозаик. Како што најавија археолозите, деталите за мозаикот, кој се наѕира …

Continue Reading

Прекин на вода во Крушево

ЈП Комуна Крушево информира дека поради дефект, прекин на вода ќе има поголемиот дел од регионот. Без вода ќе бидат улиците: „Тодор Проески“, „Томе Никле“, „Мише Ефтим“, „Нико Драга“, „Ќиро Фетак“, „Никола Карев“, „Партизанска“, „Питу Гули“ и „Коча Миленку“.

Continue Reading

ЛДП: Да се прекине со остварување на огромни профити на грбот на граѓаните

Предлог-закон за платни системи кој го поднесоа пратениците  на Либерално демократксата партија, Левица и ДОМ се разгледува во рамки на 120-тата седница во Собранието. – Граѓаните кои секојдневно ги користат услугите на банките, сведоци се на високите трошоци и провизии како на пример за одобрување кредити, одржување на сметки, провизиите за проверка на трансакциска сметка, па дури и повлекувањето пари …

Continue Reading

Едукативна работилница за деца на тема 60 години од скопскиот земјотрес

Во рамки на серијата настани „Земјотресна недела“, по повод 60-годишнината од скопскиот земјотрес, вечер од 19 до 20.30 часот во Културниот центар „Бруталиск“ ќе се одржи едукативна работилница за деца и млади. Преку различни забавни и креативни активности (игри со временски капсули, пишување стари писма, разгледи на Скопје пред земјотресот) тие ќе го видат градот со поинакви очи, вели Александра …

Continue Reading

Воен дрон се урна во југозападна Полска

Воено извидувачко беспилотно летало се урна во вторникот вечерта во југозападна Полска, јави денеска приватната телевизија RMF FM. Дронот бил пронајден во шумата во близина на селото Трзебиен, откако случаен минувач повикал Итна служба и рекол дека видел објект како паѓа во областа, наведува телевизијата. Областа каде што се урна дронот е во близина на Центар за воена обука. Александар …

Continue Reading