Астрономски календар

Денеска е понеделник, 24 јули 2023 година, 205-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 160 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 19 минути, а ќе зајде во 20 часот и 1 минута. Денов трае 14 часа и 41 минута. Месечината која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во 11 часот и 36 минути, …

Continue Reading

Десничарската Народна партија победи на изборите во Шпанија, неизвесно кој ќе оформи парламентарно мнозинство

Опозициската десничарска Народна партија предводена од Алберто Нуњез Фејхо е победник на денешните предвремени парламентрани избори во Шпанија со освоени 136 пратенички места, покажуваат резултатите по преброени 99 отсто од гласовите. Народната партија, сепак, нема да обезбеди апсолутно мнозинство во 350-члениот Парламент, дури и ако коалицира со екстремно десната популистичка партија Вокс која доби 33 мандати, 19 помалку отколку на …

Continue Reading

Донарума и неговата партнерка жртви на оружен грабеж

Голманот на италијанската фудбалска репрезентација и на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума и неговата сопатничка биле ограбени изминатата ноќ во семејниот дом во Париз, јавија денеска француските медиуми. За време на грабежот Донарума бил „полесно повреден“, додека неговата партнерка минала без повреди. При грабежот крадците им ги врзале рацете и им се заканиле со огнено оружје. Според полициски извори, штетата се проценува …

Continue Reading

Приведен крадец од Струмица, расчистени три кривични дела

Полициски службеници од СВР Струмица вчера го лишиле од слобода Г.К.(40) од Струмица. Се сомничи дека во текот на денот извршил тешка кражба, при што од возилото на Д.Н. одзел паричник. Како што соопшти денеска МВР, кај него бил пронајден паричникот и предмети од здравствена установа во село Водоча, струмичко, при што од Б.Ц. бил одземен личен предмет. Пронајдените предмети …

Continue Reading

Тихановскаја: На „Вагнеровците“ не смее да им се дозволи да ја користат Белорусија за криминални операции

Лидерката на белоруската опозиција во егзил, Светлана Тихановска, денеска изјави дека не може да и се дозволи на приватната воена компанија „Вагнер“ да ја користи Белорусија. Таа наведе дека „Вагнеровците“ не можат да ја користат нејзината земја како база за криминалните операции и повика на решителна меѓународна акција. „Не може да им се дозволи на Пригожин и неговите „Вагнеровски“ насилници …

Continue Reading

Рекордна заплена на 5,3 тони кокаин на Сицилија

Италијанските власти заплениле рекордни 5,3 тони кокаин кој бил префрлен од еден на друг брод во близина на јужниот брег на Сицилија, соопшти денеска локалната полиција. Проценетата вредност на робата е 850 милиони евра, а пет лица се уапсени, се додава во полициското соопштение. Станува збор за пет членови на екипажот на рибарскиот брод „Фердинандо д’Арагона“, кој бил запрен од …

Continue Reading

Расчистена тешка кражба во Скопје, следува уште една пријава за криумчар на мигранти

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи  ЕВР Кисела Вода вчера  расчистија кривично дело „тешка кражба“, при што на ул.„Пушкинова“ од возилото „хонда“ со српски национални ознаки, сопственост на Н.А.(57) од Скопје беа одземени регистарски таблички. По консултација со јавен обвинител, како што соопшти денеска МВР, во Казнено – поправната установа Затвор –  Скопје бил извршен службен разговор со Л.Д.(29) …

Continue Reading

УХМР: До среда многу топло време со високи утрински и дневни температури

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури. -Особено топло ќе биде утре и кон средината на следната седмица и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата на УХМР, дневните температури во земјава ќе бидат највисоки утре и во среда, со максимални …

Continue Reading

Пронајдено и приведено и трето лице инволвирано во разбојништво лани во август во Скопје

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Ѓорче Петров расчистија кривично дело разбојништво извршено на  4 август 2022 во продажен објект на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје. -Во врска со случајот, на 5 август 2022 од слобода беа лишени Л.Ј., на кој му била одредена мерка притвор, и Ш.И., кој бил вратен во казнено-поправна установа каде издржувал затворска казна. …

Continue Reading