Донарума и неговата партнерка жртви на оружен грабеж

donaruma
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голманот на италијанската фудбалска репрезентација и на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума и неговата сопатничка биле ограбени изминатата ноќ во семејниот дом во Париз, јавија денеска француските медиуми.

За време на грабежот Донарума бил „полесно повреден“, додека неговата партнерка минала без повреди. При грабежот крадците им ги врзале рацете и им се заканиле со огнено оружје.



Според полициски извори, штетата се проценува на половина милион евра во „часовници, накит и луксузна кожна галантерија“.

Крадците, засега, се во бегство.

Полицијата била повикана од персоналот од соседниот хотел во кој Донарума и неговата сопатничка се засолниле по грабежот што бил извршен околу три часот во ноќта меѓу четвртокот и петок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK