„5.17“ – нова изложба на слики и монотипии од академскиот уметник Диме Темков

Нова изложба на слики и монотипии насловена „5.17“ од академскиот уметник Диме Темков, посветена на циклусот меморијални настани во спомен на трагичниот земјотрес во Скопје во1963 година, ќе биде отворена вечер во 21 часот, во Културно-информативниот центар – Скопје. За поставката се посочува дека уметникот во своите нови слики, отворено и емотивно размислува за вечните теми на смртта, сеќавањето и …

Continue Reading

Судија блокираше одлука на Бајден за рестрикции за азил чија цел е обесхрабрување на притокот на имигранти во САД

Федерален судија од Калифорнија денеска пресуди против неодамнешна одлука на претседателот Џо Бајден за рестрикции за доделување азил на јужната граница меѓу САД и Мексико. Одлуката е дел од напорите на администрацијата да се обесхрабри имиграцијата од Јужна Америка, што во изминатиот период е рекордно зголемена со илјадници мигранти дневно кои пристигаат на границата со надеж да влезат во САД. …

Continue Reading

Премиерна проекција на дигитализираниот филм „Мементо“ на Димитрие Османли

По повод 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје, Кинотеката вечер премиерно ќе го прикаже дигитализираниот филм МЕМЕНТО на Димитрие Османли, а ќе се одржи и проекција на избор од кратки филмски журнали на „Филмске новости“ по повод земјотресот во Скопје. Со проекциите Кинотеката ќе се приклучи кон одбележување на овој значаен ден кој пред 60 години го промени …

Continue Reading

„Скопје во пет и седумнаесет“ – изложби, филмови и аудиовизуелни инсталации за 60 години од скопскиот земјотрес

Шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје,  Министерството за култура ја одбележува со проектот „Скопје во пет и седумнаесет“. Програмата  денеска ќе се реализира со повеќе настани на неколку локации низ главниот град, а почна синоќа во паркот „Ибни Пајко“ со концерт со македонски евергрин композиции и стихови посветени на Скопје. Програмата денеска ќе продолжи во Музејот на современата уметност (МСУ) …

Continue Reading

Канцеларија за бесплатна правна помош во Теарце

Министерството за правда денеска во 11:00 часот ќе отвори канцеларија за бесплатна правна помош во Општина Теарце. Како што соопштуваат од Министерството, на настанот ќе присуствува министерот за правда, Кренар Лога, кој заедно со градоначалникот на општината ќе потпишат Меморандум за соработка.

Continue Reading

Стартува програмата „ЕУ за чист воздух“ вредна 10 милиони евра

Во присуство на Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање и битолскиот градоначалник Тони Коњановски, денеска во Јуроп Хаус Битола, шефот на делегацијата на Европската унија, амбасадорот Дејвид Гир и Микела Телатин, директорка на канцеларијата на УНОПС за Македонија со церемонија на потпишување ќе ја започнат програмата „ЕУ за чист воздух“. Како што информираат од Делегацијата на ЕУ, …

Continue Reading

Пратениците во посета на Агенцијата за разузнавање

Членовите на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање денеска ќе оствари надзорна посета во просториите на Агенцијата за разузнавање. Оваа Комисија ги разгледува прашањата што се однесуваат на почитување на правата и слободите утврдени со Уставот и закони од страна на АНБ и Агенцијата за разузнавање на граѓаните и други …

Continue Reading

Продолжение на 120. седница на Собранието

Собранието денеска треба да одржи продолжение на 120-та седница, со расправа по повеќе предлог закони и одлуки. Пратениците треба да се изјаснат за Предлог одлуката за испраќање на припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“ во Република Либан и за Предлог законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Советот …

Continue Reading

Комисијата за европски прашања треба да расправа за измени на законот за ДДВ

Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да  расправа за предложените измени и дополнувања  на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка. Предложените измени се од пакетот три закони што ги предложи Владата до Собранието со европско знаменце, од кои за Предлог законот за данок на солидарност амандманската расправа беше заокружена вчера. Коморите и опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараат повлекување …

Continue Reading