Бајден вели дека тој и републиканците се блиску до постигнување договор за националниот долг

– Американскиот претседател Џо Бајден верува дека демократите и републиканците во Конгресот се блиску до постигнување договор за зголемување на плафонот на националниот долг за да се избегне САД да станат неспособни да ги сервисираат своите долгови. Американскиот лидер очекува да има јасност за ова прашање до полноќ по локално време. „Што се однесува до зголемувањето на плафонот на долгот, …

Continue Reading

Тимови на ВМРО-ДПМНЕ викендов ќе посетат 83 населени места

– Во рамки на акцијата „Ова е Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ овој викенд 19 тимови ќе посетат 83 населени места. -Проблемите со кои се соочуваат граѓаните се лошата економија, која ги принудува луѓето да се иселуваат, партизацијата и неможноста да се дојде до работно место или да се заврши административна работа без врски со власта. Здравството е руинирано низ цела држава, …

Continue Reading

Васер: Ферари ќе го ажурира болидот на секоја трка до крајот на сезоната

 – Извршниот директор на Ферари, Фредерик Васер, зборуваше за стратегијата за надградба на болидот, која неговиот тим ќе ја следи во текот на сезоната.   – Немаше да носиме ажурирања во Монако бидејќи е тешко. Во Монако за време на викендот секогаш сакате да се фокусирате многу повеќе на тјунинг и пилотирање. Но, сепак ги донесовме тие новитети што требаше да …

Continue Reading

ДУИ го поздравува усвојувањето на законите за коридорите

Демократската унија за интеграција ја поздравува денешната одлука на Собранието да ги усвои законите кои го отвораат патот за поевтина и побрза изградба на Коридорот 8 и 10Д, најголемите инфраструктурни проекти во историјата на државата. Мнозинството пратеници со својот глас ставија крај на тенденциозната блокада на опозицијата, која за жал реши да се построи против овој капитален проект, обидувајќи се …

Continue Reading

Николоски: Нема пратеник од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ кој  ќе прифати уставни измени, освен ако се прифати хрватскиот модел во кој ќе стои дека Македонија  е национална држава на македонскиот народ

Нема ниту еден пратеник во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ кој што е спремен да гласа за промена на Уставот, вели  Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. Николоски реле дека ВМРО-ДПМНЕ не се спремни да гласаат за промена на уставот и како што нагласи тој доколку не се променат условите, тогаш не се …

Continue Reading

САД изразија загриженост од недемократските акции на властите на Камбоџа во предизборието

 – САД се длабоко зарижени од тоа што властите на Камбоџа спречуваат најголемата опозициска партија во земјата, Сила на светлината, да учествува на националните избори во јули, сопштија денеска од Стејт департментот. -Измислени правни акции, закани, напади и политички мотивирани тужби кон опозициски партии, независни медиуми и граѓанското општество ги поткопува меѓународните заложби на Камбиџа за развиање мултипартиска демократија, изјави портпаролот …

Continue Reading

„Рамо до рамо до победа“ во Центар Жупа, Дебарца, Струга, Охрид, Пласница и Куманово

– Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска продолжи со средби со граѓаните во општините Центар Жупа, Дебарца, Струга, Охрид, Пласница и Куманово. На денешната средба со граѓаните во општина Центар Жупа беше потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, заедно со Методија Димовски, кои, како што наведуваат од СДСМ, истакнале дека се посветени на заштита и унапредување на …

Continue Reading

Фреди Белери во затвор, ЦИК му го потврди мандатот за градоначалник на Химара

– Престојот на Фреди Белери во затвор под обвинение за купување гласови не влијаеше на Централната изборна комисија(ЦИК) на Албанија. – Попладнево претседателот на комисијата, Илиријан Челибаши му го додели мандатот за градоначалник на Химара, кој беше избран на 14 мај.  Одлуката ниту ја бранеа ниту се спротивставија претставниците на политичките партии во ЦИК, јави Ора њуз. Претходно, во текот на …

Continue Reading

Лидерот на екстремистите осуден на 18 години затвор за нападот врз Капитол

 – Основачот на екстремно десничарската „Чувари на заклетвата“, Стјуарт Роудс, денеска беше осуден на 18 години затвор за неговото учество во нападот на приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп врз американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година. Во ноември, поротата во Вашингтон ги осуди Роудс (57) и Кели Магс (53), лидер на Чуварите на заклетвата на Флорида врз основа на обвинение …

Continue Reading