Украина е подготвена да започне контраофанзива

– Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Алексиј Данилов изјави дека земјата е подготвена да ја започне долгоочекувана контраофанзива против руската армија. Тој не сакаше да даде точен датум, но во интервју за Би-Би-Си рече дека нападот со цел враќање на окупираните територии може да започне „утре, задутре или за една недела“. Данилов додаде дека украинската влада …

Continue Reading

Фестивал за домување во Скопје

– Организацијата за домување и станари (ОДС), Фондација „Фридрих Еберт“ (ФЕС) и Социјалдемократска младина на Македонија (СДММ) денеска во Паркот на франкофонијата во Скопје одржуваат „Фестивал за домување: Безбедно, достоинствено и пристапно домување за сите“. Како што најави организаторот, предвидено е да се отворат прашања поврзани со домувањето и потребите на младите, граѓанското учество во донесувањето одлуки поврзани со домувањето …

Continue Reading

Се одлага Ендуро трката на патеката над Велешко езеро

– Поради најава за неповолна временска прогноза со дожд Мото клубот „Мото Велес“ ја одложува дводневната трка во ендуро што викендов требаше да се одржи на патеката за ендуро над велешко Езеро „Младост“. Трката е презакажана а 25 јуни информира за МИА,Сашко Ванов, организатор на трката и основач и претседател на МК „Мото Велес“. Оваа 13. по ред трка ќе …

Continue Reading

Унгарскиот музичар Ричард Залаи со концерт во МКЦ

– Унгарскиот музичар, продуцент и пијанист, Ричард Залаи вечер од 21 часот, во кино Фросина во Младинскиот Културен Центар ќе одржи концерт. Како што информираат од МКЦ, Ричард го гради својот музички израз на амбиенталната музика врз класична срцевина, која овозможува патување во себството и истражување на нашето најдлабоко јас. – Неговата музика содржи полнокрви хармонии и инструменти, кои креираат …

Continue Reading

Црвен крст Куманово почна да ја спроведува услугата „Грижа на стари лица во домашни услови“

– Општинската организација на Црвен крст Куманово почна да ја спроведува услугата „Грижа на стари лица во домашни услови“, финансиски поддржана од општина Куманово, соопштија денеска од организацијата. Негуватели и волонтери од организацијата пружаат помош на старите и немоќните лица во нивните домови. -Целта на проектот е обезбедување на грижа и помош во домашни услови од страна на професионални и …

Continue Reading

Во Прилеп отворена изложбата „повторна средба“ на Анита Јовеска Сот

– Во ликовната галерија во домот на културата „Марко Цепенков” во Прилеп пред бројните посетители синоќа беше отворена изложбата „Повторна средба” од прилепската уметница Анита Јовеска Сот. Изложата ја отвори историчарот на уметност Викторија Димеска која посочи дека делата пренесуваат енергичност која длабоко проникнува во нескротливата природа на ликовите, жедни за живост и динамичност. -Нивните погледи продираат длабоко под прагот …

Continue Reading

Алкараз: Не можам да кажам дали сум посилен од Надал на 20 години

– Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз одговори на прашањето дали е посилен од Рафаел Надал кога имал 20 години.   – Не знам. Кога имал 20 години, времињата биле поинакви. Не можам да кажам дали сум посилен од тој на таа возраст. Постигна големи победи на мои години. Не можам да одговорам на тоа прашање, истакна Алкараз.   Тој зборуваше и за …

Continue Reading

Приведено едно лице за точење алкохол на малолетници

 – Во периодот од полноќ до 04.00 часот изутрината полициски службеници од секторите за внатрешни работи заедно со Државниот пазарен инспекторат, спроведоа акциска контрола во 228 угостителски објекти на територијата на повеќе градови. Како што се наведува во соопштението од МВР, во акцијата констатирано е едно кривично дело по член 204 од КЗ, точење алкохол на малолетници во угостителски објект …

Continue Reading

Тухел: Баерн не е задоволен ниту од играта ниту од резултатите

 – Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел изрази незадоволство од играта и резултатите на Баварците“.   – Не сме задоволни со резултатите. Наша задача е да играме подоминантен фудбал, побрзо и послободно, побеспрекорно. Во моментов не сме во можност да го сториме тоа. Не сме задоволни ниту од резултатите, ниту од начинот на кој играме. Нема да престанеме да работиме на …

Continue Reading