Пригожин заминува за Белорусија, во Русија прекината кривичната простапка против него

– Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека е прекината кривичната постапка против лидерот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, што вчераутро  ја отвори руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) поради повикување на вооружен бунт. Откако белорускиот претседател Александар Лукашенко постигна договор со Пригожин за прекин на вооружениот бунт, Песков изјави дека Пригожин ќе замине во Белорусија. Портпаролот на Кремљ …

Continue Reading

Мајката и сестрата на масовниот убиец во ОУ „ Владислав Рибникар“ во Белград се обиделе да ја напуштат Србија и заминат во Македонија

– Мајката и сестрата на момчето што го изврши масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ се обиделе да ја напуштат Србија, но биле спречени на граничниот премин Прохор Пчињски кон Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. -Мајка и сестра на момчето К. К., се обиделе да ја напуштат државата преку граничниот премин Прохор Пчињски, кон Македонија, но полицијата веднаш …

Continue Reading

Парламентарни избори во Грција – втори за еден месец

 – Нешто помалку од десет милиони Грци, потично  9.813.595 граѓани денеска гласаат на парламентарните избори во Грција, втори за еден месец откако по изборите на 21 мај, поради пропорционалниот модел и укинувањето на бонусот пратеници за победникот, ниту една од партиите не успеа да формира Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Гласањето е од седум часот утрово до 19 …

Continue Reading

На денешен ден

25 јуни 2023   – Денеска е Ден на телесните инвалиди на Македонија   1867.- Американецот Лисјен Смит ја патентирал бодликавата жица.   1903.- Роден е англискиот писател Џорџ Орвел (вистинското име му е Ерик Артур Блер). Дела: романите „1984“, „Животинска фарма“, „Бурмански денови“, „Никој и ништо во Париз и Лондон“, есеите „Критички есеи“, „Лов на слонови“, „Англија, ваша Англија“, …

Continue Reading

Од верските календари

25 јуни 2023 ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јуни. Денеска е Преподобен Онуфриј Велики. Овој светител живееше во четвртиот век. За свети Онуфриј инаку не се знаеше ништо се до пред неговата смрт. Тогаш, по Божја промисла, монахот Пафнутиј во пустината се сретна со еден чуден човек, целиот обраснат во бели влакна, …

Continue Reading

Астрономски календар

– Денеска е недела, 25 јуни 2023 година, 176-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 189 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 13 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, а ќе зајде 12 минути по полноќ.

Continue Reading

Зеленски: Русија е во хаос, сите видоа колку е лесно да се окупираат руските градови

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерното обраќање се осврна на актуелните настани во Русија. Тој рече дека оваа ситуација покажува дека Русија е во целосен хаос и му порача на Западот дека сега е добро време да испрати оружје во Украина. Зеленски оцени дека бунтот на платеничките трупи на Вагнер во Русија го разоткри целосниот хаос во земјата. – …

Continue Reading

Украинска армија: Додека имаше немири во Русија, напредувавме на фронтот

– Војската на Украина соопшти дека за време на внатрешните немири во Русија, нејзините сили успеале да напредуваат долж источниот фронт. – Војниците на (претседателот Володомир) Зеленски денеска постигнаа успех во близина на градот Бахмут на исток и во некои јужни области, изјави заменичката-министерка за одбрана Хана Малиар, пренесува Скај њуз. Покренавме офанзива во близина на група села околу градот. …

Continue Reading

Официјален Минск: Путин му се заблагодари на Лукашенко за завршената работа со групата „Вагнер“

– Рускиот претседател Владимир Путин вечерва телефонски му се заблагодари на својот белоруски колега Александар Лукашенко за сработеното за решавање на ситуацијата околу приватната воена компанија Вагнер, соопшти прес-службата на белорускиот претседател, пренесе ТАСС. „Денеска во 21 часот повторно телефонски разговараа претседателите на Белорусија и Русија. Претседателот на Белорусија детално го информираше претседателот на Русија за резултатите од преговорите со …

Continue Reading