Бујар Османи не само што има кошмари, туку станува и опседнат, пратеници за уставни измени во ВМРО-ДПМНЕ нема

Бујар Османи не само што има кошмари, туку станува и опседнат, пратеници за уставни измени во ВМРО-ДПМНЕ нема. Очигледно во ДУИ предизвикале трауми скандалите за милионските бизниси на Дрин, Бесиан и Шкумбин Ахмети, па Османи почна да повторува изјави од пред една година. Нека се свести Османи, не е ниту 2017, ниту 2018, ниту 2019 година. ДУИ и СДС се …

Continue Reading

ЕУ треба да инвестира дополнителни 620 милијарди евра годишно за да ги исполни климатските цели

– Европската унија треба да инвестира дополнителни 620 милијарди евра (675 милијарди долари) годишно за да ја приспособи економијата на блокот за климатските промени, соопшти денеска Европската комисија. Поголемиот дел од трошоците треба да доаѓаат од приватни фондови, но јавните пари „за поризични пробивни проекти за одржливост“ можат да го предводат патот, рече на прес-конференција потпретседателот на Европската комисија, Марош …

Continue Reading

Адвокат Јошевска Атанасовска: Запросувањето е главната драма денес, а не висината на казните

Во предметот “Софтвери” јас сум бранител на “обичен граѓанин” не на избрано или именувано лице односно на функционер. Сепак, нема ништо “обично” околу мојот клиент-тој докажано е вонредно стручен информатички инженер, професор, доктор на науки, еден од најдобрите во својата област. Self made-со свој труд постигнал се’, ничиј син или внук. Тоа што сме шокирани од досудената казна е малку …

Continue Reading

Промовирана збирката поезија „Утрото по крајот на светот“ на Дејан Крстески

– Во Гостивар вечер беше промовирана збирката поезија „Утрото по крајот на светот“ на Дејан Крстески. Во Центарот на млади во заедницата беа прочитани неколку творби од последниот опус на овој гостиварски писател, кој меѓу другото во обраќањето напомена дека со последното дело сака да ги врати улогата и значењето на поезијата на вистинското место. Во освртот за новото дело …

Continue Reading

„Оушн гејт“ прекинува со работа по трагедијата со подморницата Титан

– Компанијата „Оушн гејт“ сопственик и ракувач со малата подморница што заврши фатално со имплозија при што загинаа пет лица, прекинува со сите истражувања и комерцијални операции. Компанијата ова го објави на својата веб страница без дополнителни детали. Меѓу загинатите кои се наоѓаа на кога малата подморница Титан имплодираше беше Стоктон Раш, извршен директор на „Оушн гејт“. Пловилото во јуни …

Continue Reading

Прв триумф на македонските јуниорки на ЕП во кошарка

– Македонската женска кошаркарска репрезентација под 18 години со победа ја почна втората фаза на Европското првенство од Б дивизијата во Софија, совладувајќи ја вечерва Норвешка со 72-57. Премиерната победа црвено – жолтите ја најавија веќе во првата четвртина која македонските кошаркарки ја решија во своја корист со 19-6, а до полувремето предноста ја зголемија на убедливи 38-18. Македонската репрезентација …

Continue Reading

Трибина „Насилство и ментално здравје кај децата/млади, жени и постари лица“

„Доколку зборуваме за депресија во тек на бременост или после породување луѓето не знаат дека такво нешто се случува и многу често на жените им велат како си нерасположена и треба да е расположена бидејќи тоа е нешто најубаво што ќе стане мајка“, изјави психијатарот Славица Арсова – Хаџи Анѓелковска на денешната трибина насилство и ментално здравје кај децата / …

Continue Reading

Талибанците тврдат дека ги забраниле козметичките салони бидејќи нуделе услуги кои се забранети во исламот

– Салоните за убавина за жени се забранети во Авганистан бидејќи нуделе услуги што се забранети во исламот, соопштија денеска талибанците. Појаснувањето доаѓа неколку дена откако групата потврди дека наредила сите салони во земјата да се затворат на еден месец, што ги натера меѓународните претставници да изразат загриженост за влијанието врз жените претприемачи. Одлуката претставува последно ограничување на правата и …

Continue Reading

ОН: Јужен Судан не е подготвен да одржи претседателски избори следната година

 – Шефот на мисијата на ОН во Јужен Судан (UNMISS), Николас Хејсом, денеска изјави дека земјата „се уште не е подготвена“ да одржи слободни, фер и кредибилни претседателски избори следната година. На состанокот на реконституираната Заедничка комисија за мониторинг и евалуација, тој рече дека ги дели „искрените ставови“ искажани од некои владини претставници, политичките партии и граѓанското општество дека земјата …

Continue Reading