Научниците пронајдоа планета која не би требало да постои

15 јули 2023 Индекс.хр Најсјајната егзопланета некогаш пронајдена во нашата галаксија, LTT-9779b, има облаци од стакло и титаниум и е толку светла што изгледа како џиновско огледало во вселената. Посветла е и од светлата Венера, која рефлектира околу три четвртини од светлината што паѓа на неа. Но, тоа не е сè, оваа егзопланета, оддалечена 263 светлосни години од нас, е …

Continue Reading

Сашо Тасевски: Сепак се исплати кога не ќутиме

Сепак се исплати кога не ќутиме. Црно семе и Црнила се вратени како лектири, по притисокот на кој што ги изложивме велепредавниците и внатрешните непријатели. Под сличен притисок на јавноста ги затворија и бугарашките антимакедонски клубчиња во Битола и Охрид кои носеа имиња на соработници на Хитлер. Сепак не е добро кога државата сама не знае да се брани од …

Continue Reading

Јужна Кореја погодена од поплави и лизгање на земјиштето, стотици евакуирани

– Јужна Кореја денеска трет ден по ред е погодена од поплави и одрони  од поројните дождови, поради што стотици луѓе се евакуирани. Според Министерството за внатрешни работи и безбедност, 882 лица биле евакуирани низ целата земја до 6 часот наутро, но се очекува бројот на евакуирани да се зголеми бидејќи браната во северната провинција Чунгчеонг се преполнила со вода …

Continue Reading

Во Крушево меѓународен настан за вмрежување на млади од Македонија и Грција

– „Младинскиот Сојуз – Крушево“ и „ЈИЕ во акција“ од Грција викендов во Крушево организираат меѓународен настан за вмрежување „Пронаоѓање и поддршка за младинска соработка 2023“ во рамки на иницијативата за формирање канцеларии за младинска соработка меѓу Грција и Северна Македонија. Најавени се обраќања на организаторите, како и на Филип Тосевски, државен секретар во Министерството за надворешни работи, Марко Ѓоргиевски, …

Continue Reading

Промовирањето на стручното образование со видливи резултати – гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

– Најбарани струки на двете пријавувања во јунскиот уписен рок се од економско-правниот сектор, како и машинство и електротехника во кој влегуваат и ИТ-квалификациите. За разлика од минатите години, оваа година има интерес и за занимања од угостителскиот и од секторот шумарство и обработка на дрво, како келнери и готвачи, техничари за мебел и ентериер за кои, во повеќето средни …

Continue Reading

Изложба со дела на Владимир Георгиевски во Куќата на Робевци во Охрид

– Во Куќата на Робевци вечер ќе биде отворена изложба на дела од еден од најзначајните македонски современи ликовни уметници – Владимир Георгиевски (1942-2017). Владимир Георгиевски е роден во Скопје, на 1 јуни 1942. Во 1963 матурирал во Училиштето за примена уметност во Скопје. Истата година ги започнал студиите на Ликовната академија во Белград, каде и дипломирал во 1968-та. Постдипломски …

Continue Reading

Концерт на Пламенка Трајковска – гудачко трио на „Кривопаланечко културно лето“

 – На летната сцена на градскиот плоштад во Крива Паланка вечер во рамки на „Кривопаланечко културно лето“ ќе настапат Пламенка Трајковска – гудачко трио. На програмата се композиции во кросовер стил, филмски теми и фолклорни теми во кросовер за гудачко трио. Концертот е музичко шоу со кореограграфски и мултимедијални елементи и претставува музичка атракција во стилот на Ванеса Меј и Бонд …

Continue Reading

Без вода повеќе улици во Кисела Вода

– ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 08.00 часот, без вода ќе бидат повеќе улици во општина Кисела Вода: „Иван Козаров“, „Петар Дељан“, „Киро Крстевски“, „Боте Ботевски“, „Марко Цепенков“, „Доситеј Обрадовиќ“ и „Мишко Михајловски“, како и дел од корисниците од улиците „Вера Јоциќ“, „Христо Татарчев“, „Пушкинова“, „Ѓорѓи Димитров“ и „Божидар Аџија“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради …

Continue Reading

Сончево и многу топло време со мала локална облачност, температура до 40 степени

– Синоптичарите и за денеска најавуваат сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде 10. Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната …

Continue Reading