Н1: Колку ученици се уапсени за ширење паника по убиствата во Рибникар во Белград

– По масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, против 82 ученици на возраст над 14 години поднесени се кривични пријави за загрозување на безбедноста и ширење паника и неред преку социјалните мрежи, во периодот од 3 мај до 7 јули, соопшти МВР на Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Во анализата на белградскиот портал Н1, според соопштенијата на …

Continue Reading

Анкета: Трамп убедливо води пред Де Сантис за кандидат на Републиканската партија за претседател на САД

– Доналд Трамп води во трката за републиканска номинација за кандидат за претседател на СAД со 47 отсто поддршка меѓу членовите на партијата и моментално е далеку пред гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, кој има 19 отсто од гласовите, според новата анкета на Ројтерс/Ипсос. Седумдневното истражување, кое заврши во понеделникот, покажа дека поддршката за Трамп, кој беше претседател на …

Continue Reading

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

– Данокот на солидарност ќе значи дополнително финансиско оптоварување за компаниите, а неговата ретроактивна примена може да биде и законски проблематична, предупреди денеска Сојузот на стопански комори (ССК). Според ССК, на бизнисот му треба предвидливост во даночната регулатива, а наместо да се зголемуваат, даноците треба да останат конкурентни како во останатите земји во регионот. -Апострофиравме неколку клучни поенти во однос …

Continue Reading

Пендаровски не е оптимист дека ќе има уставни измени

– Претседателот на државата Стево Пендаровски не е оптимист дека ќе се случат уставните промени, односно дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени ставот и ќе гласа за нив. Уверен е дека во противењето, поточно во кочењето на евроинтегративниот процес на земјата, партијата гледа шанса да дојде на власт. Странските дипломати, вели претседателот, им укажуваат на опозиционерите за сите последици од …

Continue Reading

Гир: Многу е важно да има јавна дебата по уставните измени

– Секако како ЕУ секогаш сме велеле дека е многу важно да се има јавна дебата поврзана со уставните измени и се разбира дека тоа што се случи со усвојувањето на текстот за уставните измени во самата Влада, го поздравуваме ние, како ЕУ. Се разбира по што следи, значи самиот процес во Собранието на вашата земја, меѓутоа би сакал исто …

Continue Reading

Враќањето на државните кампањи на прва јавна расправа, не присуствуваа повеќето медиумски здруженија, меѓу кои и ЗНМ

 – Повторното враќање на државните кампањи за теми од јавен интерес во медиумите, распределбата на финансиите по тој основ и составот на телото што ќе одлучува за тоа и одредбите за реемитување на програмските сервиси за регулирање на авторските и сродни права, беа во фокусот на првата јавна расправа за втората фаза од Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот …

Continue Reading

ДКСК: Арсовска незаконски го именувала Драган Илиевски за в.д директор на Зоолошката градина

– Градоначалничката на Град Скопје постапила спротивно на законот, при именување на Драган Илиевски за нов в.д директорот во скопската Зоолошка градина, утврди ДКСК. Државната комисија за спречување на корупција на денешната 89 седница утврди дека Илиевски бил именуван за директор, иако тој не го исполнувал условот претходно да биде вработен во самиот објект. Како што информираа од ДКСК, извршен …

Continue Reading

Според директорот на Мета, постојните системи на ВИ се глупави и не претставуваат ризик

– Извршниот директор на Мета, Ник Клег, денеска изјави дека сегашните модели на вештачка интелигенција (ВИ) се „прилично глупави“ и ги минимизираше потенцијалните ризици од нивното користење. Тој рече дека возбудата за појавата на вештачката интелигенција е прерана во однос на нивото на нејзиниот технолошки развој. Клег објасни дека сегашните модели на вештачка интелигенција се далеку од тоа да размислуваат …

Continue Reading

Денков: Во Бугарија се шири нова синтетичка дрога која е околу 100 пати поактивна од хероинот

Во Бугарија се распространува нова синтетичка дрога што е околу 100 пати поактивна од хероинот. Таа алармантна вест ја соопшти денеска бугарскиот премиер Николај Денков на почетокот на редовниот состанок на Владата. „Има една тема за која не разговараме, не дискутираме доволно, а можеби и не работиме доволно. Ова е предмет на увоз и дистрибуција на лекови. Темата е болна, …

Continue Reading