Tомас Гринфилд: Русија води војна против светското снабдување со храна

– Русија води војна против светското снабдување со храна, изјави синоќа на седница на Советот за безбедност на ОН американската амбасадорка во ОН, Линда Томас Гринфилд, а по руските ракетни напади деновиве на пристаништата во Украина од каде се извезува жито за светските пазари. Русија неделава одлучи да се повлече од Црноморскиот договор за жито што дозволуваше извоз на украински …

Continue Reading

Се евакуираат хотели на грчкиот остров Родос, пожарот и понатаму вон контрола

– Со бродови на крајбрежната служба по морски пат и со автобуси на копно, според локалните медиуми, превентивно се евакуираат жителите и туристите од приморските областите Лардос и Киотари во источниот дел на грчкиот остров Родос поради големиот пожар што веќе петти ден е вон контрола, јави дописничката на МИА од Атина. Преку бројот 112 за итни случаи денеска беа …

Continue Reading

Вардар 1961 се засили со српскиот ракометар Срдановиќ

– Македонскиот ракометен прволигаш Вардар 1961 соопшти денеска дека ги засили своите редови за новата сезона со српскиот ракометар Марко Срдановиќ, кој потпиша договор на две години, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Дваесетипетгодишното лево крило доаѓа во редовите на поранешниот двократен европски првак од Металопластика со која изминатата сезона го освои Купот на Србија. Срдановиќ, …

Continue Reading

Зеленски и Столтенберг разговарале за деблокирање на коридорот за жито во Црното Море

– Претседателот на Украина Володимир Зеленски, соопшти дека дека телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во врска со деблокирањето на Црноморскиот коридор за жито. – Со г. Столтенберг ги идентификувавме приоритетните и идните неопходни чекори за деблокирање и трајно функционирање на коридорот за жито во Црното Море, наведува Зеленски во кратката објава на Твитер.са/

Continue Reading

Со изградба на нов паркинг и улица се очекува растоварување на сообраќајниот метеж кај новиот Градски пазар во Делчево

– Големиот интерес за посета на новоизградениот градски пазар во Делчево и денеска предизвика сообраќаен метеж пред самиот пазар. Возачите подолг период реагираат за ваквата состојба  потенцирајќи дека најмногу ги погодува граѓаните кои користат такси услуги. -Реално на овие горештини, гужвата најмногу тешко ни паѓа. Не можеме да дојдеме лесно до местата обележани за паркинг за да можат граѓаните да …

Continue Reading

Итната помош во Скопје со зголемен број интервенции на јавни места

– Во Итната медицинска помош во Скопје деновиве е зголем бројот на повици, а денеска, за разлика од другите денови, има многу интервенции на јавни места, но не само за колапси од топлото време, изјави за МИА д-р Ѓорѓи Карамановски, одговорен на смена во ИМП. Во цела недела, како што рече, имало повеќе сообраќајни незгоди, минимум по пет до шест …

Continue Reading

Вицепремиерот Груби се огласи со извинување по објавите за запаленото возило во Чаир

– Им се извинувам на сите мои соседи во мојата населба за големото вознемирување синоќа пред нашата зграда само поради мојата професија. Исто така, му се извинувам на мојот пријател и неговото семејство за предизвиканата штета само поради мојата професија, напиша првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби на неговиот профил на Фејсбук, откако …

Continue Reading

Еден руски новинар е убиен, а тројца се повредени во близина на линијата на фронтот во Украина

– Руски воен дописник загина, а тројца новинари се ранети во борбената зона кај Запорожје во јужна Украина. Руското Министерство за одбрана соопшти дека новинарите се жртви на украинско гранатирање со касетна муниција, пренесува ДПА. Ростислав Журављов, дописник на руската државна новинска агенција Риа Новости, им подлегнал на повредите на пат кон теренската болница. Повредени се фоторепортер кој работи за …

Continue Reading

Нова смрт на велосипедските патеки

– Младиот 17-годишен италијански велосипедист Џакопо Венцо почина изминатата ноќ, подлегнувајќи им на повредите што ги здоби за време на трка, соопшти денеска официјално неговиот тим. Венцо настапи на јуниорска трка во Австрија и доживеа пад на спуст делница. Веднаш беше пренесен во болница, но лекарите не успеаја да го спасат неговиот живот. Ова е втора смрт на велосипедските патеки …

Continue Reading