Топлотниот бран скротен со свежа вода за животните во битолската Зоолошка градина

– Тропските температури на воздухот, како во денот, така и преку ноќта, директно влијаат на околу 300 животни во битолската Зоолошка Градина, но со постојано разладување, дотур на свежа вода и свежа храна, лесно ја надминуваат оваа вонредна временска состојба, велат од тамошната општинска јавна установа. Според Елена М. Мирчевска, директорка на ОЈУ Зоолошка Градина-Битола, топлотниот бран ќе остане зад нив, …

Continue Reading

Вон контрола пожарот на Родос, евакуации во текот на ноќта

– Во спортски сали, училишта и траект закотвен на пристаништето во Родос, ја поминаа ноќта дел од туристите и жителите на островот, кои ги напуштија хотелите и домовите, а евакуациите продолжија и во текот на ноќта, поради големиот пожар во источниот и југоисточниот дел на островот, кој веќе шести ден е вон контрола, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот …

Continue Reading

Масовни протести во Манипур поради напади врз жени

– Илјадници демонстранти, главно жени, денеска одржаа протести во индиската сојузна држава Манипур, барајќи од властите веднаш да ги уапсат одговорните за нападот врз две жени, кои беа принудени да шетаат голи на јавен простор. Лидерите на неколку религиозни и женски организации зборуваа пред насобраните околу 15.000 лица, кои побараа смена на Бирен Синг, првиот човел на индиската држава Манипур, …

Continue Reading

Без струја утре корисници од бул. „Јане Сандански“ во Аеродром

 – Корисници од згради на бул. „Јане Сандански“ во општина Аеродром утре (24 јули) претпладне ќе немаат струја, соопшти Центарот за управување со кризи по известување од ЕВН Македонија АД. Од 7 до 9.30 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од броевите: 74, 75, 76, 77, 78, 79 и 80, а од 7.40 до 11 часот струја ќе …

Continue Reading

Во Скопје вчера казнети 168 возачи, 48 за брзо возење

– Во сообраќајна контрола вчера на територијата на Скопје полицијата казнила 168 возачи, од кои 48 за возење со брзина поголема од дозволената. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 13 санкции се изречени за возење без возачка дозвола, 13 за управување под дејство на алкохол. -Изречени се осум мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за користење мобилен телефон …

Continue Reading

Нетанјаху е добро откако ноќеска му е вграден песмејкер, продолжуваат демонстрациите против судската реформа

– Здравствената состојба на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е „добра“ по инсталирањето на електростимулатор за срце (пејсмејкер), соопшти утринава болницата Шеба. Нетанјаху беше хоспитализиран во текот на ноќта за да му биде вграден пејсмејкер во болничкиот центар Шеби во Тел Авив. „Премиерот ќе остане под медицински надзор на одделот за кардиологија“, се додава во соопштението на болницата. Пред една недела …

Continue Reading

Претставата „Пратеникот“ на Вевчанско културно лето

– Во рамките на Вевчанското културно лето вечер во Домот на културата во Вевчани, Интимен театар Битола ќе ја изведе претставата „Пратеникот“. Режијата е на Софија Ристевска Петрушева, а играат: Катерина Аневска Дранговска, Валентин Дамчевски и Борис Богдановски. Претставата е направена по пиесата „Народен пратеник” од Бранислав Нушиќ, а говори за љубовта во време на либерален капитализам. Составена е од …

Continue Reading

Етнографски филмови од Шпанија и Мексико на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола

 – Интернационалниот етнографски филмски фестивал во Битола продолжува со проекција на етнографските филмови „Другиот Клуб 700“ на Арак Бланко и „Соништа“ на Хуан Хавиер Перез. „Другиот Клуб 700“ е копродукциски филм од САД и Шпанија, кој се одвива на крстосница на улиците „Бродвеј“ и „Тортон“ во Бруклин и претставува поетска рефлексија на реалноста на брзиот капиталистички систем, додека документарниот филм …

Continue Reading

ЕП дивизија-Б: Македонските кошаркари загубија од Велика Британија, денес играат со Австрија

 – Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години со пораз ги стартуваше натпреварите од групата „А“ на Европското првенство Дивизијата „Б“ во Португалија. Подобри од нашите репрезентативци беше селекцијата на Велика Британија со 84:68.   Марко Луканоски со 22 поена и девет скока, беше најдобар во македонскиот состав, Андреј Шошкиќ постигна 12, Никола Јаничиќ додаде 11.   Денес од 16:30 часот „црвено-жолтите“ …

Continue Reading