ЕКОВАС посакува дипломатско решение за ситуацијата во Нигер, ќе се разгледуваат сите опции

– Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) и нејзиниот претседавач, нигерискиот претседател Бола Ахмед Тинубу претпочитаат дипломатско решение за ситуацијата во Нигер место воена интервенција, изјави денеска портпаролот на Тинбу, Ајури Нгелале. Тој најави дека организацијата на вонредниот самит во нигериската престолнина Абуџа, по два дена, ќе ги разгледа сите можни опции, иако, како што наведе, сака да ја реши …

Continue Reading

Вечерна богослужба во црквата „Света Петка“ кај дебарската велигденска ливада

– Православните дебрани, иако се во се помал број, продолжуваат со почит кон божјите храмови и верските празници. Така беше и за денешниот голем празник посветен на Великомаченица Св.Петка-Параскева, кога ја посетија црквата „Света Петка“, во стариот дел на градот, каде вечерна богослужба одржа намесникот на дебарската парохија Миле Ангеловски. Црквата се наоѓа во позната велигденска ливада, каде некогаш велигденското оро …

Continue Reading

Почина првиот Шпанец кој го освои „Тур де Франс“

 – Федерико Бајамонтес, првиот Шпанец кој во 1959 година триумфираше на „Тур де Франс“, почина на 95-годишна возраст, објави денеска градоначалникот на Толедо од каде потекнуваше еден од најдобрите светски велосипедисти во историјата. „Со длабока тага го оплакуваме заминувањето на Федерико Мартин Бајамонтес, орелот од Толедо, спортска личност која го издигна името на нашиот град до највисоко ниво“, објави градоначалникот …

Continue Reading

Стано: Европската унија не е надлежна за давање безбедносни гаранции за Украина

– Европската унија не може да обезбеди безбедносни гаранции за Украина бидејќи тоа не е во нејзина надлежност, изјави денеска портпаролот на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Петер Стано. -Ние не сме безбедносна организација, така што дискусиите за безбедносните гаранции се дискусии за НАТО и за одделни земји, но не и за ЕУ ​​како организација, рече портпаролот на брифинг …

Continue Reading

Челзи подолг период без новото засилување Нкунку

– Новото засилување на англискиот фудбалски прволигаш Челзи, Кристофер Нкунку подолг период ќе биде надвор од теренот, откако е опериран поради повреда на коленото, објави денеска лондонскиот премиерлигаш. Францускиот напаѓач се повреди во 9. минута на претсезонскиот пријателски натпревар против Борусија Дортмунд (1-1) во Чикаго. „Нкунку го повреди коленото поради што ќе биде надвор од теренот подолг период. Му беше …

Continue Reading

ДеСантис ја смени менаџерката на својата претседателска кампања

– Републиканскиот претседателски кандидат и гувернер на Флорида, Рон ДеСантис, одлучи да ја отпушти својата менаџерка на кампањата Џенера Пек, во обид да ја заживее својата кампања која во последно време стагнира. На местото на Пек, која лани ја водеше кампањата за реизбор на Де Сантис на позицијата гувернер на Флорида, тој сега го носи Џејмс Утмајер. Американските медиуми наведуваат …

Continue Reading

Затворена американската Амбасада во Порт-о-Пренс по вчерашните насилни немири и пукања

Амбасадата на САД во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, објави дека од денеска е затворена поради неодамнешното пукање во нејзина близина. Исто така, оттаму најавија дека го ограничиле движењето на нивниот персонал во комплексот на амбасадите до следното известување. „Некои рути до амбасадата може да бидат загрозени поради пукотниците“, предупреди американската Амбасада, пренесена од британските медиуми. Затворањето на американскиот дипломатски …

Continue Reading

МВР: Запленети над 200 килограми режан тутун наменет за нелегална продажба

 – Полициски службеници од СВР Скопје денеска околу 15:30 часот го привеле Е. А. (29) од Скопје, кој упрауваувл патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски таблички, во кое пронајдени и одземени се над 200 килограми режан тутун, наменет за нелегална продажба. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против Е.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Continue Reading

Кавадарци следна база на македонските одбојкари

– Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска во салата „Јане Сандански“ го одржува последниот тренинг во Скопје по што ќе се пресели во Кавадарци каде ќе одигра контролни натпревари против Израел и Јапонија пред претстојниот старт на Европското првенство. Во салата „Јасмин“ од четврток до недела, љубителите на одбојката ќе имаат можност да гледаат по еден натпревар дневно, а македонската репрезентација …

Continue Reading