Двајца цивили загинаа, а двајца се повредени во гранатирањето на руската област Брјанск, тврди гувернерот Богомаз

– Во украинското гранатирање на селото Чауси во руската област Брјанск, загинаа двајца цивили, а двајца се повредени, изјави денеска гувернерот Александар Богомаз на својот канал Телеграм. „Вооружените сили на Украина го гранатираа селото Чауси, округот Погарски. За жал, како резултат на гранатирањето, еден човек загина, а двајца селани се повредени. Повредените се префрлени во окружната болница, каде ја добиваат …

Continue Reading

Куртоа ги скина вкрстените лигаменти

 – Голманот на Реал Мадрид и Белгија, Тибо Куртоа подолго време ќе биде надвор од терените поради тешка повреда. Според прес-службата на мадридскиот клуб, на играчот му била констатирана руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено. Во блиска иднина Белгиецот ќе биде опериран.   Реал информира дека Куртоа се повредил на тренинг. Точниот тајминг на закрепнувањето на играчот ќе биде …

Continue Reading

Суданските лекари штрајкуваат поради платите и лошите услови за работа

– Суданските лекари штрајкуваат поради платите и лошите услови за работа додека продолжуваат борбите меѓу армијата и ривалските сили за брза поддршка (РСФ), јави Би-Би-Си. Лекарите велат дека штрајкуваат поради недостиг на соодветен медицински транспорт за пациентите, малиот број медицински персонал, доцнење на платите повеќе од 10 месеци, како и ужасните услови за работа во земјата зафатена од војна. Медицинските …

Continue Reading

Божидар Божиновски: Најголеми непријатели на слободата се задоволните робови

Претседателката на Синдикатот на пензионери на Сител ги убедуваше пензионерите дека им е убо. Верен приврзок на Заев и Цароска не се сомневам дека ѝ е добро. Со поскапувањата и неораведното зголемување на пензиите по ист процент (оние што добиваат помала пензија земаат помало покачување) пензионерите се ставени на раб на егзистенција. И конечно станаа да се борат за своето …

Continue Reading

Зеленски: Најмалку три лица загинаа во руски напад врз украинскиот град Запорожје

– Најмалку три лица загинаа во руски напад врз украинскиот град Запорожје, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Локалните власти зборуваат за гранатирање на станбена зона. „Три лица во моментов се прогласени за мртви“, напиша Зеленски на Телеграм, без да ја прецизира локацијата на нападот. Тој додаде дека спасувачките операции се во тек. Според регионалниот гувернер Јуриј Малашко, била погодена црква …

Continue Reading

Македонските кошаркарски кадети поразени од Словенија на ЕП во Скопје

 – Македонската кадетска кошаркарска репрезентација не успеа да обезбеди пласман меѓу осумте најдобри селекции на Европското првенство во А дивизијата, кое се одржува во Скопје, откако вечерва загуби во осминафиналето од Словенија со 100-65. Избраниците на селекторот Александар Јованчев немаа решение за словенечкиот напад и одбрана на осминафиналниот дуел во СРЦ „Кале“ што резултираше противникот да постигне дури 56 поени …

Continue Reading

Саудиска Арабија повторно ја отвори својата амбасада во Техеран

– Саудиска Арабија повторно ја отвори својата амбасада во Иран, по повеќе од седум години спор со Техеран, објави иранската новинска агенција Ирна. Повторното отворање на амбасадата доаѓа по подобрените односи меѓу двата ривали од Блискиот Исток и неочекуваниот договор со посредство на Кина потпишан на 10 март за обновување на односите. Техеран и Ријад ги прекинаа односите во 2016 …

Continue Reading

Температурата на океаните неделава урива рекорди

– Температурата на површината на океанот во петокот се искачи на 20,96 степени Целзиусови, покажуваат податоците на климатската опсерваторија на Европската унија. Последниот рекорд од 20,95 степени е забележан во март 2016 година, изјави портпаролката на агенцијата на ЕУ за климатски промени Коперник. Меѓу тестираните примероци нема ниту еден од поларните региони. Океаните апсорбираат 90 отсто од вишокот топлина создадена …

Continue Reading

Тајфун во Јапонија и Јужна Кореја, откажани сите летови, се најавува ново невреме

– Поради силниот дожд што денеска го донесе тајфунот Канун додека ги погоди јужните делови на Јапонија и областите на Јужна Кореја, откажани се сите летови, а возовите се запрени бидејќи се приближува уште една бура од исток, која му се заканува на Токио. Невремето моментално е во морето јужно од Кјушу, главниот југозападен јапонски остров, на околу 860 километри …

Continue Reading