Сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 34 степени
– Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повремено во јужните делови ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието и во североисточните делови каде на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. …
Continue Reading
На денешен ден
13 август 2023 1624.- Францускиот крал Луј Тринаесетти го поставил за прв министер кардиналот Арман Жан ди Плеси Ришелје. 1899.- Во Лентостаун, во близина на Лондон, е роден Алфред Џозеф Хичкок, британски филмски режисер. Светска слава доби со филмовите од криминалистичкиот жанр, страв и ужас. Најпознати филмови: „Триесет и девет скали“, „Тајниот агент“, „Човекот кој многу знаеше“, „Ребека“, …
Continue Reading
Од верските календари
13 август 2023 ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 31 јули. Денеска е Св. праведен Евдоким. Свети Евдоким се роди во Кападокија во деветтиот век, во времето на византискиот цар Теофил. Кога порасна стапи во војничка служба како офицер. Но, Евдоким не се препушти на бурниот и бучен војнички живот, туку и како војник …
Continue Reading
Астрономски календар
– Денеска е недела, 13 август 2023 година, 225-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 140 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 19 часот и 38 минути. Денов трае 13 часа и 58 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина ќе изгрее во 2 часот и 15 …
Continue Reading
Петковиќ: Пораките на Курти, Скопје да се приближи на Косово се безобразлук
-
новинар
-
August 12, 2023
-
Балкан
-
0 Comments
– Србија денес преку директорот на Кацеларијата за Косово и Метохија реагираше на изјавите на косовскиот премиер Албин Курти дадени во Тетово, „Скопје да се приближи кон Косово, Албанија и Бугарија, и да се оддалечи од Србија“, оценувајќи ги како „безобразлук и повеќекратен нонсенс“, бидејќи таквите изјави ги дал кога „отворено се ангажира на дестабилизација на Северна Македонија“, јави дописникот на …
Continue Reading
Стартен пораз на македонските кошаркари во олимписките претквалификации
-
новинар
-
August 12, 2023
-
Кошарка, Спорт
-
0 Comments
– Македонската машка кошаркарска репрезентација со пораз ги почна олимписките претквалификации, откако вечерва загуби од Израел со 65-86. Во воведниот натпревар на претквалификацискиот олимписки турнир што денеска почна во Талин, македонскиот состав од самиот почеток беше во резултатска негатива која на полувремето изнесуваше девет поени (38-47). Израел ги реши дилемите околу победникот во третата четвртина која македонските кошаркари ја загубија со …
Continue Reading
Папата Франциск повика на прекин на политичкото насилство во Еквадор
-
новинар
-
August 12, 2023
-
Свет
-
0 Comments
– Папата Франциск го осуди вчерашниот атентат на претседателскиот кандидат на Еквадор, Фернандо Вилависенсио, кој беше убиен на помалку од две недели пред претседателските избори, и повика на прекин на политичкото насилство во јужноамериканската земја. „Соочени со страдањата предизвикани од неоправданото насилство, кое безрезервно го осудува, Неговата Светост ги повикува сите граѓани и политички сили да се обединат во заеднички …
Continue Reading
СВР Тетово најави дека ќе бара кој го вееше знамето со картата на „Голема Албанија“
-
новинар
-
August 12, 2023
-
Македонија
-
0 Comments
– Тетовската полиција најави дека ќе бара кој го вееше знамето со картата на тн. Голема Албанија вчера на концертот во Тетово организиран за пречек на косовскиот премиер Албин Курти. Оваа фотографија е поставена на официјалниот профил на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук. На настанот беа и Иџет Меџити и Африм Гаши. Пред концертот на публиката и …
Continue Reading
Сплитско – далматинската полиција уапси 23-годишен Македонец, осомничен за шверц на осум турски државјани
-
новинар
-
August 12, 2023
-
Хроника
-
0 Comments
– Сплитско-далматинската полиција уапси 23-годишен Македонец на подрачјето на Врлика, обвинувајќи го за шверц на осум турски државјани. Возило во кое внатре билр осум турски државјани било сопрено од полицијата во петокот на подрачјето на општина Врлика, при што се покажало дека патниците илегално влегле во Хрватска. Осомничениот, кој управувал со автомобилот, се товари дека од личен интерес им помагал на …
Continue Reading