Трагедија на работното место: 53-годишен скопјанец загина во производствена хала


policija-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Работник на 53-годишна возраст загина утринава при извршување работни задачи во производствена хала во фирма кај Новоселски пат.


Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 12 декември 2025 година во 08:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека С.А. (53) од Скопје се здобил со тешки повреди од машина, по што починал на самото место.

Смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош, а на местото на настанот бил извршен увид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK