Струмица со нови локални мерки за побезбеден сообраќај: Секретарот Марангозов на националната конференција во Скопје


7f849cb4-2137-4322-be67-b41d27477a34.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секретарот на општина Струмица, Томе Марангозов, учествуваше на Националната конференција „Безбедност на сообраќајот во локална самоуправа“ којашто во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска се одржа во Скопје. Целта на конфренецијата беше размена на добри практики и искуства, унапредување на меѓуинституционалната соработка и утврдување на заеднички пристапи за подобрување на сообраќајната безбедност во урбаните и руралните средини. Секретарот Марангозов информираше дека врз основа на анализи, дискусии и предлог решенија од страна на учесниците, се дефинирани конкретни насоки за поефикасно дејствување на локално ниво, кои општина Струмица целосно ќе ги спроведе во интерес на безбедноста на граѓаните во сообраќајот. Потврда на овие заложби е и потпишувањето на Декларација за безбедност во сообраќајот на патиштата на локално ниво која ќе биде двигател на сите активности за безбедност во сообраќајот и патоказ кон остварување на долгорочната визија за НУЛА ЗАГИНАТИ во сообраќајот на патиштата во Македонија.

The post Струмица со нови локални мерки за побезбеден сообраќај: Секретарот Марангозов на националната конференција во Скопје appeared first on Општина Струмица.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK