Во Скопје и Битола тешко повредени две жени додека поминувале улица како пешаци


1692196338_brza-pomosh.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две жени се тешко повредени во две одделни сообраќајни несреќи што вчера се случиле во Скопје и Битола, соопшти Министерството за внатрешни работи.


Првиот инцидент бил пријавен во СВР Скопје вчера утрото околу 07:10 часот. На крстосницата меѓу улицата „Филип Втори Македонски“ и сервисна улица, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од 62-годишниот С.М., удрило во пешакот М.К. (46) од Скопје. Жената со тешки телесни повреди била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. На местото бил извршен увид од екипа на СВР Скопје.

Вториот случај бил пријавен истата вечер во Битола, околу 20:05 часот. На улицата „Карпош“, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.В. (30) од Битола, удрило во 62-годишната С.Ѓ. од Битола. Таа била пренесена во Клиничката болница Битола, каде што биле констатирани тешки телесни повреди. По наредба на јавен обвинител, увид извршила екипа на СВР Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK