Украинското воено разузнавање (ГУР) објави видео од нападот во кој е елиминиран рускиот офицер Василиј Марзоев, син на генерал-полковник Аркадиј Марзоев, обвинет за воени злосторства против цивили во Херсон. Ликвидацијата се случила во Василиевскиот округ во Запорошката област, објави Укринформ.
Локацијата на операторот на беспилотното летало на руските сили ја откриле борци на беспилотната единица ГУР за време на воздушно извидување на 15 октомври. Позицијата се наоѓала во близина на селото Плавни на Запорошката област.
Откако разузнавачката работа добила прецизни координати, врз целта била фрлена бомба, при што загинале руски војници. „Во времето на ударот, позицијата ја заземал рускиот поручник Василиј Марзоев, командант на вод на 108-от воздушно-десантен полк на 7-та воздушно-десантна дивизија на руската армија“, се вели во соопштението.
Објавените снимки вклучуваат и сцени од самиот напад, во кој, заедно со Марзоев, биле убиени и други руски војници. Видеото има и фотографија од Василиј Марзоев, заедно со зборовите „си беше еднаш еден млад поручник“.
фото: принтскрин