Електродистрибуција со стратешки инвестиции на висок и среден напон


ED SM Investicii_01.10
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Милионски инвестиции за модернизација на високонапонска и среднонапонска мрежа

Скопје, 03.10.2025 – Електродистрибуција во првата половина од годината инвестираше над 20 милиони евра во модернизација и реконструкција на дистрибутивната мрежа на висок и среден напон. Овие значајни инвестиции се наменети за проекти чија цел e долгорочно подобрување на квалитетот и сигурноста во снабдувањето на корисниците, како и зголемување на моќноста и капацитетот на дистрибутивната мрежа.


 

Голем проект кој тековно се реализира во центарот на Скопје е високонапонската трафостаница 110/35/10 kV „Централна“, во чија изградба досега се инвестирани 11 милиони евра.

 

Другата значајна инвестиција, во проектите за каблирање, надминува 9 милиони евра. Овие проекти опфаќаат замена на постоечките надземни линии со подземни кабли и изградба на нови кабелски линии во должина од 110 километри низ повеќе локации како Аеродром, Пештани, Зајас, Тајмиште, Струмица и Делчево.

До крајот на годината планирано е и поставувањето на новиот 110 kV кабел во правец Југ Нова – Централна – Вардар.

Овие инвестиции на Електродистибуција го подобруваат нивото на ефикасност на целиот систем.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK