Судењето за пожарот во Кочани распределен кај судијката Диана Груевска Илиевска


54523575_2309314082453093_9162033568791134208_n-1-800x600.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е распределен кај судијката Диана Груевска Илиевска, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.


„Согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска од одделот Кривично полнолетни“, соопштија од Судот.

Од таму велат дека станува збор за судија со 19 годишен судиски стаж во сите оддели на овој суд, како и претходен 17 – годишен стаж како стручен соработник.

Советот за оцена на обвинителен акт денеска во целост го одобри обвинението поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK