Македонија2025, во рамки на Џонсон Мети Програмата за поддршка на заедницата„Науката и Јас“, го објавува новиот повик за предметни наставници по природни науки (природни науки, биологија, хемија, физика) од основните училишта во земјата.
Повикот е отворен до 20 октомври 2025 година.
Кој може да аплицира?
- Наставници приправници по природни науки од основните училишта
- Предметни наставници од основните училишта кои реализираат настава по предметите: природни науки, биологија, хемија или физика со работно искуство во настава не подолго од 5 години..
Што нуди обуката?
- Еднодневна работилница (во неколку групи) за околу 70 наставници, фокусирана на ефективни методи: учење базирано на истражување, практични експерименти и проектна работа.
- Обуката ја реализираат обучувачи од Бирото за развој на образованието и други образовни институции.
- Дидактички материјали за наставници (на македонски и албански јазик) и сертификат за професионален развој.
- Можност дел од наставниците со своите ученици да развијат и презентираат експерименти на 2–3 регионални саеми по наука.
- Поддршка од наставници-ментори по природни науки.
- Опција за посета на Џонсон Мети – Скопје (за 4–5 наставници со група до 5 ученици).
- Мерење на влијанието преку кратка пред- и по-анкета за самодоверба и мотивација на наставниците.
Повеќе информации за повикот, како да аплицирате и критериумите за избор: ТУКА
Слободно пишете ни за повеќе информации на [email protected]
Драги наставници, не ја пропуштајте оваа можност да ги подобрите Вашите вештини за настава по природни науки и да ја инспирирате следната генерација научници.
Пријавете се сега и станете дел од наставничка заедница што го менува начинот на кој младите ја доживуваат науката!