ЕУ го повика Израел да ја прекине офанзивата во Газа


Screenshot-2025-09-16-172130.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската Унија денес го повика Израел да ја запре копнената инвазија на северна Газа. „Офанзивата ќе доведе до поголемо уништување, повеќе смртни случаи и поголемо раселување“, изјави портпаролот на Европската комисија, Ануар Ел Ануни. „Тоа исто така ќе ја влоши веќе катастрофалната хуманитарна ситуација и дополнително ќе ги загрози животите на заложниците“.


Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, утре ќе презентира предлози до националните парламенти за зголемување на притисокот врз Израел во врска со неговата воена кампања во Газа, објави АП.

Замрзнување на средства за Израел
Минатата недела, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека ќе побара одобрение од земјите-членки на ЕУ за нови санкции против крајнодесничарските израелски екстремисти и делумно суспендирање на трговскиот договор со Израел.

Таа, исто така, изјави дека ќе замрзне милиони евра што извршната власт на ЕУ ги доделува на Израел, што нема да бара одобрение од сите земји-членки.

фото: принтскрин

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK