Седницата за сомнежите за незаконско прислушување е одложена


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), која беше закажана за денеска во 11 часот, е одложена. Од собраниските служби засега нема образложение за одложувањето.

Претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши, претдхоно ја закажа седницата, а со неа требаше да претседава пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.


Седницата следуваше по јавниот повик на пратеникот Љупчо Пренџов, член на Комисијата за надзор, до претседателот на Комисијата Скендер Реџепи од Европскиот фронт да се свика итна седница за разгледување на сомнежите за незаконско прислушување од АНБ во периодот 2019–2024 година.

Пренџов истакна дека целта е да се изврши темелно испитување на сите околности поврзани со настаните. Тој посочи дека овие случувања предизвикуваат вознемиреност во јавноста и ја поткопуваат довербата во институциите.

Скендер Реџепи пак, образложи дека не може да присуствува на седницата поради класифицираните информации и поради тоа што нема одговор на барањето за безбедносен сертификат кое го поднел минатата година. Тој оцени дека станува збор за дискриминација и посочи дека претседателот на Собранието има можност да свика седница на Комисијата.

Текстот Седницата за сомнежите за незаконско прислушување е одложена е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK