Уценетиот Таравари како млада невеста, не знае кој пат да го фати, велат од ВМРО-ДПМНЕ


Arben-taravari-sam.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Уценетиот Таравари на крајот ќе се откаже од самиот себе, како млада невеста што не знае кој пат да го фати“, се наведува во најновото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, со кое партијата остро реагира на последните изјави на лидерот на Алијансата за Албанците.


Според ВМРО-ДПМНЕ, Таравари два пати влегол и излегол од владината коалиција, како невеста која постојано ја прекинува свадбата – еднаш со аплаузи, другпат со навреди.

„Денеска ВМРО-ДПМНЕ му е ‘злото’, а пред само два месеца со истото тоа ВМРО-ДПМНЕ гордо седеше во Владата. Ако тогаш не бевме зло, зошто сега одеднаш сме?“ прашуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ потсетува на неколку клучни датуми:

Февруари 2024: Таравари самиот изјави дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го гледале како посакуван партнер, а од Али Ахмети добивал понуди за „прв албански премиер и претседателски кандидат“.

23 јуни 2024: Владата беше изгласана со коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и блокот „Вреди“, што беше голема победа над, како што велат, „матрицата на криминализираната ДУИ“.

Мај 2025: Алијансата на Таравари ја напушти коалицијата поради „неисполнети ветувања“, иако дел од неговата партија остана во Владата. „Значи проблемот не е идеологија, туку нешто друго. Можеби уцена?“ се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат и бројки кои, според нив, покажуваат стабилизација:

– индустриско производство +4.1% (јули 2025 во однос на јули 2024),

– просечна бруто плата +8.5% (јуни 2025 на годишно ниво),

– реална плата +3.8% поради стабилизирана инфлација,

– инфлација 3.7% (јули 2025), далеку од двоцифрените пикови во време на СДСМ и ДУИ.

„Овие факти покажуваат дека државата оди напред, а не назад. Нема катастрофа, туку стабилизација.“

На крај, партијата порачува:

„Вистинското зло не е ВМРО-ДПМНЕ, туку лицемерието и двојниот стандард на Арбен Таравари. Секогаш кога не му даваат функција, одеднаш открива дека партнерот е зло. Прашањето е: со што е уценет Таравари и колку пати уште ќе ја продава истата приказна“?

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK