Пушка, пиштол и куршуми пронајдени во напуштен објект во Чаир


oruzje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 15:54 часот во СВР Скопје, Б.Ѓ. пријави дека на подрачјето на Чаир, во помошен објект на напуштена куќа на нејзината мајка, пронашла автоматска пушка, соопшти полицијата.


Според пријавеното, таа го повикала соседот за да проверат што има друго внатре во помошниот објект, при што дошол синот на соседот, ја турнал Б.Ѓ., ја зел пушката и избегал.

По извршен претрес и дополнителни проверки од страна на полициски службеници, во објектот се пронајдени уште една пушка, пиштол и куршуми.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK