Полово вознемирувал малолетно девојче: уапсен 75-годишен маж од Тетовско


305cace7-832b-4441-877b-09f578b574c8-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 17:00 часот во СВР Тетово е лишен од слобода З.Б.(75) од тетовско.


Тој се сомничи за сторено кривично дело „полово вознемирување“, а по претходна пријава од 11.08.2025 од страна на 42-годишна жена од тетовско дека З.Б. полово ја вознемирувал нејзината малолетна ќерка.

Од страна на полициски службеници од СВР Тетово по добиена судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на З.Б., при што биле пронајдени и одземени мобилен телефон, лап топ компјутер, ресивер и други предмети.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK