(Видео) Дончиќ се повреди – веднаш го напушти теренот


13266635.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Словенечката кошаркарска репрезентација загуби од Латвија со 100:88 во подготвителен натпревар пред Евробаскетот.


Освен поразот, Словенија може да биде загрижена и за статусот на Лука Дончиќ, кој се повреди во третиот период.

За разлика од натпреварот против Литванија, овој пат Словенците играа со Лука Дончиќ, кој веќе во првото полувреме покажа каква движечка сила е за тимот на Александар Секулиќ.

Во првото полувреме, кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс постигна 26 поени за 17 минути игра, заедно со четири скока, пет асистенции и две украдени топки.

Третата четвртина им донесе главоболки на Словенците, Дончиќ се повреди откако соиграчот Грегор Хроват падна врз неговото колено.

Ѕвездата на Лејкерс веднаш сигнализираше дека не може да ја продолжи играта, па го напушти теренот и се упати кон соблекувалната.

Подоцна, се врати на клупата, од каде што го следеше натпреварот до крајот.

Ова беше четвртиот пораз за Словенците во подготвките. Двапати загубија од Германија, а пред Латвија загубија и од Литванија.

Foto/ EPA/TOMS KALNINS

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK