Жена шверцувала мигранти со автомобил


nintchdbpict000253800807-e1469186462318-800x448.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 19:20 часот на автопатот „Пријателство“, кај клучката за село Прдејци,  полициски службеници од ПСГН „Богородица“ ја лишија од слобода М.П.(39) од Скопје, затоа што во патничко моторно возило „шкода октавија“ со скопски регистарски таблички, кое таа го управувала, биле пронајдени шест лица мигранти од Египет.


Претходно полициските службеници во с. Богородица забележале дека во возилото влегуваат мигранти и по преземени мерки, возилото е сопрено, а скопјанката што го управувала е лишена од слобода и по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираа од полицијата.

Мигрантите се пренесени во Прифатно транзитниот центар „Винојуг“-Гевгелија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK