Во време кога паметниот телефон не е само алатка, туку одраз на стилот, ставовите и динамичниот живот, новата генерација телефони на преклоп, серијата Samsung Galaxy Z нуди целосно ново мобилно искуство. Без разлика дали преферирате уред што лесно го собира во дланка и џеб како Galaxy Z Flip7, или барате моќен уред што се расклопува во мини работна станица како Galaxy Z Fold7, едно е сигурно: веќе не мора да бирате помеѓу форма и функција. Овие уреди ги нудат и двете. Тие не се само телефони, туку ваши секојдневни сојузници во мултитаскинг и совршен одговор на потребите на модерниот живот.
Моќта на големиот екран со Galaxy Z Fold7
Galaxy Z Fold7 е наменет за оние кои сакаат уред што е лесен за носење, но нуди моќ и флексибилност кога ќе се отвори. Расклопениот Fold7 станува повеќе од паметен телефон – тој е ваш проширен работен простор, идеален за уредување, мултитаскинг и уживање во содржини, како и за целосно искористување на Galaxy AI функциите.
Главниот екран е 8-инчен Dynamic AMOLED 2X со 11% повеќе површина во споредба со претходникот, што овозможува уште попродуктивно користење на повеќе апликации истовремено. Благодарение на Vision Booster технологијата и максимална осветленост од 2600 нити, екранот останува јасен дури и под директна сончева светлина. Што се однесува до визуелниот изглед, Galaxy Z Fold7 е достапен во сина, сребрена и црна боја.
Galaxy Z Flip7 – џебен сојузник за секојдневна ефективност
Galaxy Z Flip7 е компактен AI уред создаден за мултимодална ера, сега со новиот FlexWindow екран од ивица до ивица. Доволно мал за да собира во џеб, а доволно моќен за сѐ што ти треба во текот на денот – спојува интелигентна Galaxy AI технологија со врвна камера и препознатлив, ултракомпактен дизајн.
Содржината е јасно прикажана на најголемиот досега FlexWindow екран кај Galaxy Z Flip уредите – 4,1-инчен Super AMOLED со стапка на освежување од 120 Hz и максимална осветленост од 2600 нити. Благодарение на Vision Booster технологијата, видливоста е извонредна и на отворено, додека главниот 6,9-инчен Dynamic AMOLED 2X екран овозможува мазно скролување, стриминг и гејминг – со визуелно искуство што плени.
Galaxy Z Flip7 нуди и низа паметни функционалности: од гласовен AI асистент до FlexCam за најдобрите селфи фотографии од секој агол – без потреба од држач.
Galaxy Watch8 серијата – стил и технологија што одговара на секој животен ритам
Samsung ја претстави и новата Galaxy Watch8 серија, вклучувајќи ги моделите Galaxy Watch8 и Galaxy Watch8 Classic, сега со унифициран иконски визуелен идентитет. Сериските новитети вклучуваат најтенки и најудобни Galaxy часовници досега, со перформанси прилагодени за следење на здравјето 24/7.
Новата серија ги следи различните животни стилови, нудејќи напредни можности и поставувајќи нови стандарди за лична грижа и визуелен идентитет. Galaxy Watch8 доаѓа во две големини – 44 мм и 40 мм – во графитна и сребрена боја; Galaxy Watch8 Classic е достапен во 46 мм, во црна и бела верзија, а Galaxy Watch Ultra е доаѓа во четири титаниумски нијанси, вклучувајќи и нова титаниум-плава.
Try Galaxy апликацијата со нов изглед – за целосно AI искуство
Со цел повеќе корисници да го искусат потенцијалот на вештачката интелигенција, Samsung ја ажурираше апликацијата Try Galaxy, во која се достапни функции како Live Translate, Chat Assist, Note Assist, Photo Assist и Circle to Search со Google.
Апликацијата може да се инсталира и на уредите од Galaxy Z серијата – дури и ако не користите Samsung смартфон – за да го доживеете Galaxy AI искуството без обврски.
Максимална заштита за целосна безгрижност
Во срцето на оваа безбедносна архитектура е Samsung Knox – платформа за заштита на највисоко ниво. Со Knox Matrix, сите уреди во екосистемот работат заедно за да се штитат меѓусебно, користејќи приватен блокчејн, постквантна криптографија и real-time заштита.
Knox Vault, пак, ги чува чувствителните податоци како лозинки, PIN-кодови и биометриски информации во изолиран хардверски простор – што значи дека дури и при компромис на оперативниот систем, вашите лични податоци остануваат безбедни.
SmartThings: Паметен уред за подобар свет
Со SmartThings, овој уред се поврзува со сите ваши паметни уреди, овозможувајќи лесно да управувате со осветлување, клима, и многу други фукористите директно од телефонот. Мобилниот уред се претвора во центар за вашиот паметен дом, што го прави идеален за модерниот начин на живот.
Galaxy Z Flip7 и Galaxy Z Fold7, како и часовниците не се само технолошки иновации – тие се ваши AI асистенти, креативни алатки, мобилна канцеларија, поддржувачи на вашето здравје и центар за забава. Со префинет дизајн, напредна заштита и интуитивно корисничко искуство, добивате слобода на изразување и сигурност во секоја ситуација.