Рубио за Путин: Трамп нема да чека вечно


rubio-m.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го губи трпението со рускиот претседател, Владимир Путин, во врска со завршувањето на војната во Украина.


„Она што најмногу го мачи претседателот се овие одлични телефонски разговори каде што сите велат, знаете, би сакале да завршиме со ова и да најдеме начин да продолжиме напред. Потоа тој ги вклучува вестите и гледа како уште еден град е бомбардиран“, изјави Рубио за „Фокс њуз“.

Тој додаде дека САД истражуваат нови начини за постигнување напредок во мировните преговори, но предупреди дека трпението на Трамп „истекува“.

„Досега, барем како што го перцепираме, немаше искрен интерес од руска страна за постигнување на таа цел. Но, очигледно е дека претседателот нема да чека вечно“, заклучи Рубио.

Во вторникот, Трамп му даде на Путин 10 дена да се согласи на договор за прекин на огнот или ќе се соочи со нови, сурови санкции.

Фото: принтскрин

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK