Високи оценки за фискалната транспарентност на Општина Гевгелија за 2024/2025 година


Screenshot_3-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Гевгелија е една од 11 општини во Република Македонија кои влегуваат во групата на најтранспарентни единици на локална самоуправа, со освоени максимални 16 поени за буџетска транспарентност. Ова е нотирано во Извештајот за фискална транспарентност на општините- Буџетска и даночна транспарентност за периодот 2024-2025 година, изготвен од Центарот за економски анализи (ЦЕА).

Според резултатите, Општина Гевгелија го зазема првото место меѓу општините во Југоисточниот Регион, оценето според степенот на отчетност. Посебно се истакнува доследното објавување на клучни буџетски документи, како што се годишниот буџет, полугодишниот извештај и завршната сметка за крајот на буџетската година, што придонесува за транспарентно информирање на граѓаните и отчетност пред јавноста.


Дополнително, и во 2024/2025 година, Општина Гевгелија го задржува високиот индекс на даночна транспарентност, кој изнесува 75%, што претставува подобрување од 8 проценти во однос на минатогодишниот извештај (2023/2024).

Општина Гевгелија со овие резултати ја потврдува својата позиција како пример за успешна локална самоуправа во однос на транспарентното и отчетно работење.

Извештај за фискална транспарентност на општините- Буџетска и даночна транспарентност за периодот 2024-2025 година

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK