Утре сончево време со температури до 38 степени


64781937_858864034473532_3515921002292838400_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХРМ.


Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во следните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK