Хаос во хотел во Лазарополе: скопјанец фрлал предмети и нападнал сограѓанин


lazaropole-nasilstvo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дваесет и деветгодишен скопјанец, К.Ж. е приведен по инцидент што се случил синоќа во хотел во Лазарополе.


Според информациите од полицијата, тој фрлал разни предмети кон хотелот, оштетувајќи прозор, а потоа физички и со остар предмет го нападнал С.Р.(26) од Скопје.

По проверките било констатирано дека се барал за издржување казна затвор во Шуто Оризари за сторено кривично дело за самовластие.

По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK